Даниел Аврамовски (роден на 20 февруари 1995 година, во Скопје) — македонски фудбалер, играч од средниот ред на Сараево и на македонската репрезентација.

Клупска кариера Роден во Скопје,Daniel Avramovski profile at Red Star Belgrade official website Аврамовски ја започнал својата кариера во Рабнотнички, со кој дебитирал како професионален фудбалер на возраст од само 16 години, појавувајќи се во игра од клупата за резерви во натпреварот Силекс-Работнички (2-0) од Првата македонска фудбалска лига одигран на 28 мај 2011. Следната сезона, дебитирал во европските натпреварувања, играјќи ги последните 30 минути од победата на Работнички над претставникот од Сан Марино, Јувенес/Догана, со 3-0 во натпревар од второто квалификациско коло од УЕФА Лига Европа. Играјќи за Работнички, Аврамовски развил репутација на голем талент која го привлекла вниманието на неколку европски клубови, а во февруари 2012 година бил поканет на десетдневна проба во Ливерпул. Во сезоната 2013-2014, тој бил позајмен на Македонија Ѓорче Петров, каде забележал 29 настапи и 1 гол во македонското првенство; својот прв професионален погодок во кариерата го постигнал на 9 март 2014, во победата со 3-1 на домашен терен над Напредок.

Во јули 2014 година, тој потпишал тригодишен договор со српскиот гигант Црвена Ѕвезда. Bosančić i Avramovski potpisali za Zvezdu! објавено од: Večernje novosti, 25-7-2014 Дебитирал за црвено-белите на 30 август, во четвртото коло од српското првенство против Спартак Суботица; во истиот тој натпревар, само десет минути по влегувањето во игра како замена, го постигнал единствениот гол во мечот со кој Црвена Ѕвезда победила со 1-0. Не можејќи да најде доволно простор за игра на стадионот Рајко Митиќ,Avramovski objasnio šta ga je sputalo u Zvezdi објавено од: sportske.net, 20-12-2016 Аврамовски заминал на позајмица во ОФК Белград,Zvezdina "desetka" u OFK Beogradu објавено од: mondo.rs, 12-7-2015 каде забележал 22 настапи во првенството и 2 во купот за време на сезоната 2015–2016.

На 20 декември 2016, се преселил во Словенија, каде потпишал три и пол годишен договор со Олимпија Љубљана. Таму одиграл само 9 натпревари во вториот дел од сезоната 2016-2017, по што се вратил во Србија играјќи на позајмица за екипата на Војводина за време на сезоната 2017-2018, забележувајќи 19 настапи комбинирано во првенството и купот и еден гол постигнат уште на дебито против Вождовац (1-1). На 6 февруари 2019, Аврамовски се вратил во Македонија, по речиси пет години играње во странство, потпишувајќи договор со екипата на Вардар. Својот прв гол за црвено-црните го постигнал на 7 април 2019, во ремито 1-1 против Академија Пандев. Следната сезона, тој постигнал 10 гола за Вардар во првенството, придонесувајќи за освојувањето на титулата иако сезоната не била завршена поради пандемијата на КОВИД-19. Со своите 10 гола, исто така, тој бил на врвот на листата на стрелците во лигата до прекинот и бил прогласен за најдобар стрелец по одлуката првенството да не биде продолжено.

На 15 август 2020, Аврамовски како слободен играч потпишал за турскиот клуб Кајсериспор. Поради повреда и проблеми со лиценцата, на своето деби во Суперлигата на Турција чекал дури до 6 јануари 2021, кога одиграл 76 минути во победата со 1-0 на гости против Денизлиспор. Својте први два гола за Кајсериспор, ги постигнал на 28 април 2021 во победата со 6-3 над истиот противник. Сезоната 2020-2021 ја завршил со 24 настапи и 2 постигнати гола.

Репрезентативна кариера Аврамовски ја претставувал Македонија во младинските селекции под 17 и под 21 година. Со втората репрезентација, настапил на Европското првенство под 21 година во Полска, каде одиграл само 45 минути во натпреварот против Србија (2-2) во групната фаза по која Македонија била елиминирана.

Своето деби за сениорската репрезентација, го направил на 18 јуни 2014 на возраст од 19 години, во поразот со 2-0 од во пријателски натпревар.

Во јуни 2021 година, Аврамовски бил повикан од селекторот Игор Ангеловски во составот на македонската репрезентација за Европското првенство 2020. Дебитирал на турнирот во вториот натпревар од групната фаза, поразот со 2-1 од , влегувајќи во игра од клупата за резерви на местото на Енис Барди.

Хронологија на репрезентативните настапи

Наводи

Надворешни врски Даниел Аврамовски на soccerway

Категорија:Фудбалери на ФК Работнички (Скопје) Категорија:Фудбалери на ФК Македонија Ѓорче Петров Категорија:Фудбалери на ФК Црвена Ѕвезда Категорија:Фудбалери на ФК Војводина Категорија:Фудбалери на ФК Вардар (Скопје) Категорија:Фудбалери на ФК Кајсериспор Категорија:Фудбалери од Скопје Категорија:Македонски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1995 година