Маерово мачкино нанет (науч.: Nepeta ernesti-mayeri) — локален ендемски вид растение во Националниот парк Галичица.
Зачувување Маеровото мачкино нане е строго заштитен вид во Македонија и редок вид со исклучително мала популација и ограничено распространување во национален парк Галичица. Во Македонија единствено се среќава тука, а во Националниот парк Галичица е со исклучително мала популација и со ограничено распространување на само три локалитети. Поради ароматичната содржина на изданоците, популацијата на овој вид е под притисок од неовластено собирање. Поради тоа стручниот тим на НП Галичица презел мерки за собирање на семенски материјал кој што подоцна ќе биде искористен за вештачко засејување (размножување).
Наводи
Категорија:Флора на Македонија Категорија:Ендемска флора на Галичица