Бартолевите жлезди (именувани по Томас Бартолин; исто така наречени Бартолински жлезди или поголеми вестибуларни жлезди) се две сложени алвеоларни жлезди со големина на зрно грашок Manual of Obstetrics. (3rd ed.). Elsevier. pp. 1-16. . сместени малку позади и лево и десно од отворот на вагината. Тие лачат слуз за подмачкување на вагината и се хомологни на булбоуретралните жлезди кај мажите. Меѓутоа, додека жлездите на Бартолин се наоѓаат во површинската торбичка на перинеумот кај жените, булбоуретралните жлезди се наоѓаат во длабоката торбичка на перинеумот кај мажите. Нивната канална должина е од 1,5 до 2,0 см и тие се отвораат во навикуларна јама. Каналите се спарени и тие се отвораат на површината на вулвата .
Историја мини|De ovariis mulierum et generationis historia epistola anatomica, 1678 година Бартолиновите жлезди за првпат биле опишани во 17 век од данскиот анатом Каспер Бартолин Помладиот (1655–1738). Некои извори погрешно го припишуваат нивното откритие на неговиот дедо, теолог и анатом Постариот Каспер Бартолин (1585–1629).
Функција Бартолиевите жлезди лачат слуз за да обезбедат вагинално подмачкување при сексуално возбудување. Течноста може малку да го навлажни лабијалниот отвор на вагината, служејќи да го направи контактот со оваа чувствителна област поудобен со тоа што го намалува триењето. Течноста од Бартолиевите жлезди се комбинира со други вагинални секрети како „течност за подмачкување“ во количина од околу 6 грама на ден, и содржи високи концентрации на калиум и натриум во однос на крвната плазма, со малку кисела pH вредост од 4,7.
Клиничка патологија Можно е Бартолиевите жлезди да се блокираат и воспалат што резултира со болка. Ова е познато како бартолинитис или циста на Бартолин. Циста на Бартолин, пак, може да се инфицира и да формира апсцес. Аденокарцином на жлездата е редок, а доброќудни тумори и хиперплазија се уште поретки. Карцином на бартолинска жлезда е ретка малигност што се јавува кај 1% од карциномите на вулвата. Ова може да се должи на присуството на три различни типа на епително ткиво. Воспаление на Скенеовите жлезди и Бартолинските жлезди може да се изгледа слично на цистоцела.
Категорија:Егзокрини жлезди Категорија:Врски за Wayback од предлошката „Семарх“