Љубомир Јорданов Рајчевски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Произлегува од земјоделско семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство и чување на добиток. Во почетокот на септември 1944 година, стапил во редовите на Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во сите борби против балистите и Германците на падините на Скопска Црна Гора. По ослободувањето на Скопје, бил распореден во аеродромската чета во Скопје. Од воените напори и поминатите денови во битките против непријателот, тешко оболел и во јуни 1945 година, тој подлегнал на болеста. Неговите останки биле закопани на скопските гробишта.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ