Битолски Пашалак (турски: Manastır Eyaleti) – пашалак на Отоманското Царство. Постоел од 1826 до 1864 година на подрачјето на денешна Македонија, Србија, Албанија и Грција. Понекогаш, по грешка, овој пашалак се нарекува РумелискиVoyage dans la Turquie d’Europe : description physique et géologique de la Thrace. T1 / par A. Viquesnel… page 114, како што било името на многу поголем пашалак што претходно постоел.
Историја Во 1826 година, како резултат на административната реформа на султанот Махмуд II од Румелискиот Пашалак, се одделиле Одринскиот и Солунскиот Пашалак, а самиот Румелиски Пашалак бил преобразуван во Битолски Пашалак. Истата година, главниот град на покраината бил преместен во Битола. Честопати постои забуна, погрешно се верува дека Румелискиот Пашалак продолжил да постои.
Задачата на битолскиот паша била да обезбеди османлиско владеење во централниот дел на Балканскиот Полуостров. Сепак, тоа било тешко да се направи, со оглед на постојаните востанија на Србите и Црногорците. Ситуацијата била тешка и во Албанија.
Во 1828-1829 година, североисточните области на пашалакот, особено Софија, биле окупирани за време на Руско-турската војна.
Во 1846 година, од територијата на пашалакот биле одделени во посебни провинции Видин и Ниш. Во 1864 година пашалакот бил преобразуван во Битолски Вилает.
Економија Основата на економијата било земјоделството. На подрачјето на пашалакот работеле рудници на благородни метали и разни руди. Меѓутоа во 1830-тите и 1850-тите години пашалакот доживеале економска и социјална криза. За износот на даноците собрани во тоа време има малку информации.
Административна поделба Санџаци во пашалакот во средината на 19 век: By James Henry Skene Скадарски Санџак Охридски Санџак Битолски Санџак Костурски Санџак
Управители на пашалакот Управители на пашалакот:World Statesmen — Macedonia <div style="-moz-column-count:1;column-count:1;"> Осман-паша (септември 1844 - август 1845) Мехмед Селим-паша Енесте Хасеки (август 1845 - март 1848) Черкез Хафиз Мехмед-паша (март 1848 - мај 1850) Пајасли Исмаил-паша (мај 1850 - април 1851) Мустафа Тосун-паша (април 1851 - октомври 1853) Али Риза Мехмед-паша (ноември 1853 - февруари 1854) Арнавут Махар Осман-паша (септември 1858 - август 1859) Ебубекир Рустем-паша (август 1859 година - март 1860 година) Алјанак Мустафа-паша (март 1860 - јули 1863) Махмуд-паша (јули 1863 - јуни 1864)
Наводи
Категорија:Пашалаци на Османлиското Царство во Европа