Бизмутинит — минерал сочинет од бизмут сулфид (Bi2S3), важна руда од која се добива бизмутот. Кристалите се челично сиви до валкано бели со метален сјај. Доволно се меки за да се гребат со нокт, но сепак се прилично густи.
Образува низа со со оловно-бакарно-бизмутниот минерал ајкинит (PbCuBiS3).
Се јавува во хидротермални жили со турмалиноносни бакарни жили принадлежни на гранитот, во извесни високотемпературни златни жили, како и во скорешни наслаги од вулкански издуви. Принадлежни минерали се самородниот бизмут, ајкинитот, арсенопиритот, станитот, галенитот, пиритот, халкопиритот, турмалинот, волфрамитот, каситеритот и кварцот.
Минералот е првпат забележан во 1832 г. во рудниците на Потоси, Боливија.
Наводи
Надворешни врски
Бизмутинит на Mindat Бизмутинит — Атлас на минералите Бизмутинитот на базата на кристални структури на „Американски минералог“
Категорија:Минерали на бизмутот Категорија:Сулфидни минерали Категорија:Орторомпски минерали