Бевин () или Сатурн XXXVII — мала неправилна месечина на Сатурн. Откриена е од Скот Шепард, Дејвид Џуит, Џен Клина и Брајан Марсден во нивните набљудувања од 12 декември 2004 и 9 март 2005 г. Откритието е објавено на 4 мај 2005 г.
Месечината има пречник од околу 6 км и кружи околу Сатурн на просечно растојание од 16,89 Гм во рок од 820,13 дена при наклон од 41° кон еклиптиката (18° кон Сатурновиот екватор) со занесеност од 0,333. Утврдено е дека вртежниот период ѝ изнесува часа според мерењата на вселенското летало „Касини“.T. Denk, S. Mottola, et al. (2011): Rotation Periods of Irregular Satellites of Saturn. EPSC/DPS conference 2011, Nantes (France), abstract 1452.
Име Месечината го добила своето трајно име во април 2007 г. во чест на Бевин, божица на плодноста од раната ирска митологија.
Наводи
Надворешни врски
Податоци за Сатурновите месечини — Институт за астрономија Нови месечини на Сатурн — страница на Дејвид Џуит, 3 мај 2005 г. (вкл. слики од откривањето ) IAUC 8523: Нови месечини на Сатурн, 4 мај 2005 г. (откривање) MPEC 2005-J13: Дванаесет нови месечини на Сатурн, 3 мај 2005 г. (откривање и ефемерида) IAUC 8826: Месечини на Јупитер и Сатурн, 5 април 2007 г. (именување на месечината)
Категорија:Галска група Категорија:Сатурнови месечини Категорија:Неправилни месечини Категорија:Откритија на Скот Шепард Категорија:Астрономски тела откриени во 2005 година Категорија:Астрономски тела откриени во 2004 година