мини|300п|Анимација на Галската група на месечини Галска група — група на напредни неправилни месечини на Сатурн кои следат слични орбити. Нивните големи поуоски се движат од 16 до 19 Гм, наклоните им изнесуваат од 35° до 40°, а занесеноста им е околу 0,53. мини|300п|Неправилните месечини на Сатурн. Прикажана е Галската група во однос на останатите. Занесеноста на орбитите е претставена со жолти отсечки (од перицентарот до апоцентарот), а наклонот е прикажан долж Y-оската. Меѓународниот астрономски сојуз користи имиња од келтската митологија за овие месечини.
Сличноста на средните орбитални елементи довела до мислење дека телата се од заедничко потекло, настанати со распад на првобитно тело. Подоцна е утврдено дека групата физички еднообразна, при што сите месечини имаат светлоцрвена боја (бојни показатели B − V = 0,91 и V − R = 0,48) и слични показатели во инфрацрвениот спектар
Во поново време е откриен извонредниот факт дека Албиорикс (најголемата месечина во групата) впрочем има две бои: едната складна со Еријап и Тарвос, а другата помалку црвена. Наместо заеднички предок, се претполага дека Тарвос и Еријап може да се парчиња од Албиорикс, поради што во него останал голем кратер со не толку црвена боја.Grav, Tommy; and Bauer, James; A deeper look at the colors of Saturnian irregular satellites, Preprint Во тој случај, судреното тело би имало пречник од 1 км и релативна брзина околу 5 км/с, предизвикувајќи кратер со пречник од 12 км. Таквите судари во минатото на Сатурновиот систем се докажани со кратерите од слична големина на месечината Феба.
Во октомври 2019 г. е објавено дека се откриени уште две месечини во групата. Тие се дел од поголемото откритие на 20 месечини на Скот Шепард со телескопот „Субару“ на Мауна Кеја, сите со пречник од околу 5 км. Младата месечина S/2004 S 24, исто така има напредно движење, но кружи на многу поголемо растојание од Сатурн за разлика од останатите членови на Галската група. Таа сепак ќе добие име според личност од галската митологија.Saturn surpasses Jupiter after the discovery of 20 new moons—and you can help name them, NASA, phys.org, 7 октомври 2019 г.
Членови Ова се членовите на групата, подредени по близина до Сатурн: Албиорикс Бевин Еријап Тарвос S/2004 S 24
Наводи
Извори Ефемерида од ЦМП Средни орбитални параметри од from JPL
Надворешни врски Неправилни месечини — страници на Дејвид Џуит Страници на Скот Шепард
Категорија:Сатурнови месечини Категорија:Неправилни месечини