Беверштет () — општина во округот Куксхафен, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 20 километри југоисточно од градот Бремерхафен и 40 километри северно од градот Бремен.
Била создадена на 1 ноември 2011 година со спојување на општините кои биле дел од поранешната општинска заедница Беверштет.
Географија Местоположба
Реката Луне тече низ општина во насока исток-запад. Покрај неа, течат и други нејзини помали притоки.
Општински единици
Место Жители(20 ноември 2019) Површина вокм² 1. Апелн 409 14,52 2. Беверштет 3791 51,40 3. Бокел 2410 20,96 4. Фрелсдорф 633 25,29 5. Херштет 436 18,89 6. Холен 767 15,60 7. Кирхвиштет 464 25,07 8. Лунештет 2587 17,25 9. Штубен 1500 8,62 10. Велен 370 11,83 11. Волингст 333 14,34
На 1 ноември 20211 година, општинската заедница Беверштет и тогашните самостојни општини биле распуштени, за да ја создадат новата општина Беверштет.
Кон поранешната општина Беверштет припаѓале местата Беверштетермилен, Делбриге, Хајерхефен, Крамелхајде, Остерндорф, Шпинтенкамп, Табен, Вахолц, Велдорф, Велен и Волингст.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Куксхафен (округ) Категорија:Општини во Долна Саксонија