Староградското Поле, во близина на градот Стари Град на островот Хвар, Хрватска, ― земјоделски предел што бил изработен од старогрчките колонисти во 4 век п.н.е., и останува во употреба. Полето е најголемата земјоделска област на кој било од јадранските острови и е неверојатно плодна како резултат на таложење на лес во леденото доба. Овој пејзаж е скоро целосно зачуван од неговиот првичен облик. Античкиот распоред е зачуван со внимателно одржување на камените ѕидови во текот на 24-те века, заедно со камените засолништаStone Shelters on Hvar by Borut JuvanecThe Trims of Hvar, by Berislav Horvatić и системот за собирање вода. Истите култури, главно грозје и маслинки, сè уште се одгледуваат на нивите, а наоѓалиштето е исто така природен резерват. Наоѓалиштето е вреден пример за старогрчки систем на земјоделство и бил запишан како светско наследство на УНЕСКО во 2008 година.
Историја лево|мини|240x240пкс| Темелите на старогрчката стражарска кула Маслиновиќ со поглед на Староградското Поле. Во 384 година п.н.е., Стари Град бил колонизиран од Грци од островот Парос. Колонистите ја поделија рамнината на 75 земјишни парцели (наречена хора), секоја со димензии од околу 16 хектари, граничејќи се со ѕидови од сув камен. Овие ѕидови второстепено биле користени за надгледување на полето или за брзо патување низ пејзажот. Првичниот распоред на полето бил почитуван со постојано одржување на граничните ѕидови од следните поколенија. Земјоделските активности во парцелите се непрекинати 24 века до денес. Она што го гледаме денес е продолжение на културниот пејзаж на првичните грчки колонисти.
Покрај парцелите, Грците граделе и мали колиби за продавници направени од сув камен, каде што се чувале алати и луѓето можеле да се засолнат од лошите временски услови. Големи цистерни за складирање и олуци биле изградени и низ целата рамнина за да се задржи дождовната вода, за да се справат со сувата средоземна клима. Многу од овие антички градби и денес се користат за тие цели.
Во 229 година п.н.е., Стари Град станал резиденција на Димитриј Фароски, илирски владетел кој накратко се спротивставил на римската окупација, иако до средината на 2 век п.н.е. била римска колонија. За тоа време, тој бил трговски центар за грозје и риболов.
Наводи
Надворешни врски
Службена мрежна страница
Категорија:Светско наследство во Хрватска Категорија:Хвар Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Статии со текст на хрватски