Славица Гаџова Свидерска (родена во година во - починала на година во ) — македонска поетса, преведувач, есеист, теоретичар на книжевноста, доктор на филолошки науки.
Биографија Славица Гаџова Свидерска живеела и работела во Битола. Докторирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Се занимавала со проучување на односите меѓу книжевноста, дискурсите на моќта и политичкото насилство.
Нејзината поезија е преведувана на англиски, кинески, бугарски, српски, хрватски, босански, чешки, словачки, турски и албански јазик.
Била членка на Друштвото на писатели на Македонија и главен уредник на издавачката куќа „Восток“ од Битола.
Дела „Бесконечност“ (2001); „Писма“(2012); „Политики на љубовта“ (2015); „Тела“(2016).
Авторка е и на научните монографии: „Книжевноста и дискурсите на моќта“ (2013); „Книжевноста и политичкото насилство“ (2018); како и книжевно-филозофските есеи „За смислата и за апсурдот“ (2017).
Награди 2022 - награда „Антев златник“ за стихозбирката „Golgota Feminarum“ 2019 - награда „Лирата на Орфеј“ на поетскиот фестивал „Орфеј“, во Пловдив, Бугарија 2016 - награда „Караманов“, на поетскиот фестивал „Караманови поетски средби“ за поетската збирка „Тела“ 2012 - „Енхалон“ на Струшките вечери на поезијата
Наводи
Категорија:Македонски писателки Категорија:Македонски поетеси Категорија:Македонски преведувачи Категорија:Македонски есеисти Категорија:Македонски книжевни теоретичари Категорија:Добитници на наградата „Антев златник“ Категорија:Членови на ДПМ