3 Јунона — голем астероид во астероидниот појас. Откриена е во 1804 г. од германскиот астроном Карл Лудвиг Хардинг. Ова е третиот по ред откриен астероид кој спаѓа меѓу дваесетте најголеми и еден од двата најкрупни каменливи астероиди (тип S) заедно со 15 Евномија. Се проценува дека ова тело зафаќа 1 % од вкупната маса на астероидниот појас.
Астероидот е наречен по врховната римска божица Јунона, сопруга на Јупитер.
Историја Откривање
Астероидот е откриен на 1 септември 1804 г. од Карл Лудвиг Хардинг. Подолго време се сметал за планета, сè додека не се утврдило дека се работи за астероид и мала планета во текот на 1850-тите.
Особености Јунона се вбројува меѓу најголемите астероиди (веројатно десеттоти по големина) и сочинува 1 % од масата на сиот астероиден појас.Pitjeva, E. V.; Precise determination of the motion of planets and some astronomical constants from modern observations, in Kurtz, D. W. (Ed.), Proceedings of IAU Colloquium No. 196: Transits of Venus: New Views of the Solar System and Galaxy, 2004 Го зазема второто место по масивност меѓу астероидите од типот S, веднаш по 15 Евномија. И покрај тоа, Јунона има маса само 3 % од онаа на Церера. мини|лево|Првите десет откриени астероиди во големинска споредба со Месечината. Јунона е трета од лево.
Орбиталниот период на Јунона изнесува is 4,36578 години.
Меѓу астероидите од типот S, Јунона е необично отсјајна, што може да упатува на посебни површински својства. Големото албедо е причината за нејзината релативно висока привидна величина за мало тело кое не е блиску до внатрешниот раб на астероидниот појас. Јунона може да достигне +7,5 на поволна противположба, што е посјајно од Нептун или Титан, поради што е откриена пред поголемите астероиди Хигија, Европа, Давида и Интерамнија. Но на највеќето противположби, Јунона достигнува величина од +8,7 — едвај видлива со двоглед — и при помали издолжувања ќе мора да користи 76-милиметарски телескоп за да се распознае со доволна острина. (archived) Астероидот е главното тело на Јунониното семејство.
+ Планети 1807–1845 1 Меркур 14п|☿2 Венера 14п|♀3 Земја 14п|🜨4 Марс 14п|♂5 Веста 14п|⚶6 Јунона 14п|⚵7 Церера 14п|⚳8 Палада 14п|⚴9 Јупитер 14п|♃10 Сатурн 14п|♄11 Уран 14п|♅
Јунона најпрвин се сметала за планета, заедно со 1 Церера, 2 Палада и 4 Веста. Во 1811 г. Ј. Ј. Шретер ѝ го проценил пречникот на 2.290 км. По откривањето на други астероиди, сите четири биле прогласени за такви тела. Со малите димензии и неправилниот облик, Јунона не може да биде џуџеста планета.
Астероидот кружи на малку помало средно растојание од Сонцето отколку Церера и Палада. Има умерено наклонета орбита со околу 12° кон еклиптиката, но таа е крајно занесена, повеќе од Плутоновата. Овааа голема занесеност повеќе ја доближува до Сонцето во перихел отколку Веста, а подалеку во афел отколку Церера. Од сите астероиди со пречник преку 200 км, само 324 Бамберга има позанесена орбита.
Јунона се врти во напредна насока при осен наклон од околу 50°.Северниот пол е насочен кон еклиптичките координати (β, λ) = (27°, 103°) со несигурност од 10°. Највисоката забележана температура на површината (во делот што гледа право кон Сонцето) изнесува 293 K, измерена на 2 октомври 2001 г. Земајќи го предвид тогашното хелиоцентрично растојание, ова дава проценета највисока температура од 301 K (+28 °C) во перихел.
Спектроскопските проучувања на Јунонината површина даваат можност да се заклучи дека таа може да е предок на хондритите, кои се чест вид на каменлив метеорит составени од железоносни силикати како оливин и пироксен. Инфрацрвените слики покажуваат присуство на кратер со ширина од 100 км, како последица од геолошки млад удар.
Според инфрацрвените податоци на MIDAS добиени со Хејловиот телескоп, во 2004 г проценет е просечен полупречник од 135,7±11.
Набљудувања
Јунона е првиот астероид забележан како прикрива друго тело. Минала пред слаба ѕвезда (SAO 112328) на 19 февруари 1958 г. Оттогаш се забележани неколку затскривања, од кои најкорисно е она на SAO 115946 на 11 декември 1979 г. заведено од 18 различни набљудувачи. На 29 јули 2013 г. астероидот ја затксрил ѕвездата PPMX 9823370 со величина од 11,3,Asteroid Occultation Updates – 29 јули 2013 како и 2UCAC 30446947 на 30 јули 2013 г.Asteroid Occultation Updates – 30 јули 2013.
Масата на Јунона е проценета од радиосигналите од леталата што кружат околу Марс и апаратите на неговата површина, кои пак ги мерат ситните растројувања кои таа ги предизвикува врз движењето на Марс. Нејзината орбита малку се изменила во 1839 г. најверојатно поради растројувања од непознат астероид кој минал крај неа.
Во 1996 г. Хукеровиот телескоп во опсерваторијата „Маунт Вилсон“ направил слики на Јунона при видливи и близуинфрацрвени бранови должини служејќи се со адаптивна оптика. Сликите го опфаќаат целиот вртежен период и го покажуваат неправилниот облик и темното подрачје кое се смета за последица од неодамнешен удар.
Противположби Јунона достигнува противположба од Сонцето на секои 15,5 месеци, при што најмалото растојание во голема мера се разликува, зависно од тоа дали е близу до перихелот или афелот. Низи од поволни противположби се јавуваат на секоја 10-та противположба, односно малку над секои 13 години. Последните поволни противположби биле на 1 декември 2005 г. на растојание од 1.063 ае, величина од 7,55, како и на 17 ноември 2018 г. при најголемо растојание од 1.036 ае, величина од 7,45.The Astronomical Almanac for the year 2018, G14Астероидот 3 Јунона во противположба 16 ноември 2018 г. во 11:31 ч. UTC Следната поволна противположба ќе биде на 30 октомври 2031 г. при растојание од 1.044 ае, величина од 7,42.
Поврзано Јунонски астероиди
Белешки
Наводи
Надворешни врски
Ефемерида по JPL Остри слики од сите четири агли направени во опсерваторијата „Маунт Вилсон“ Моделот на обликот изведен од светлинската крива Астероидот Јунона во центарот на вниманието (прикажува издолжување од Сонцето и видлива величина за 2011 г.)
Категорија:Јунонски астероиди Категорија:Астероиди наречени по ликови од римската митологија Категорија:Астероиди од типот S Категорија:Астероиди од типот Sk Категорија:Астрономски тела откриени во 1804 година Категорија:Тела забележани со ѕвездено прикривање