Лазо Атанасов Тодоровски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Израснал во сиромашно семејство. По завршувањето на основното образование, се занимавал со земјоделство и сточарство. Како симпатизер на народноослободителното движење, активно го помагал. Во Шеснаесеттата македонска ударна бригада стапил со многу свои соселани и учествувал во борбите против балистичките банди. Се истакнал како храбар борец, поради што бил поставен за политички комесар на чета. Покрај борбите против балистите, учествувал и во многу акции против германските моторизирани колони во Качаничката Клисура. На 15 ноември 1944 година храбро загинал, во една борба против балистите во близината на своето родно место. Неговите останки биле закопани на гробиштата во родното село Булачани.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ