Карл Лудвиг Хардинг (, – ) — германски астроном, познат како откривач на 3 Јунона во 1804 г. како третооткриен астероид во историјата Во негова чест се наречени месечевиот кратер Хардинг и астероидот 2003 Хардинг.

Роден е во свештеничко семејство во Лауенбург, Војводство Саксо-Лауенбург. Од 1786 до 1789 г. се образувал во Гетингенскиот универзитет, каде изучувал теологија, математика и физика. Во 1796 г. Јохан Јероним Шретер го најмил како подучувач на неговиот син. Шретер бил страстен аматерски астроном, па така Хардинг набргу бил назначен за набљудувач и инспектор во неговата опсерваторија.

Во 1804 г. во таа опсерваторија Хардинг ја открил Јунона. Истата година бил назначен за професор по астрономија во Гетинген и го напуштил Лилиентал, каде на негово место дошол Фридрих Бесел.

Откритија Покрај Јунона, Хардинг открил три комети и променливите ѕвезди R Девица, R Водолија, R Змија и S Змија.

Дела Хардинг ги објавил следниве дела: Atlas novus coelestis („Нов небесен атлас“, 1808–1823; преуреден од Јан во 1856 г.) во кој се дава каталогизирани 120.000 ѕвезди Kleine astronomische Ephemeriden („Мала астрономска ефемерида“, уред. од Вајсен, 1830–35) петнаесеттата од Ѕвездените карти на Берлинската академија (1830)

Наводи

Извори

N. N.: Biographical notice of Professor Harding. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society, Vol. 3 (1835), S. 86 (Nachruf, englisch)

Надворешни врски Дела на К. Л. Хардинг — Систем за астрофизички податоци

Категорија:Германски астрономи Категорија:Откривачи на комети Категорија:Откривачи на астероиди Категорија:Членови на Кралското друштво Категорија:Апсолвенти на Гетингенскиот универзитет Категорија:Добитници на Лаландовата награда Категорија:Членови на Гетингенската академија на науките