Цвијиќева качунка (науч.: Crocus cvijicii) — ендемски вид во Национален парк Галичица.

Опис Овој вид растение припаѓа на фамилијата Iridaceae-качунки. Цвета во рана пролет на периферните делови од снежната покривка која е во фаза на топење. Се одликува со бело-жолти цветови составени од 6 венечни ливчиња, а стебленцето е слабо развиено со линејни ливчиња. Останатите видови од оваа фамилија се распростанети од источното Средоземје до средна Азија при што се среќааваат во различни биотопи (степи, ливади и високопланински шуми).

Наводи

Категорија:Качунки Категорија:Ендемска флора на Галичица