Виктор Јохан Антон Класон (роден на 9 октомври 1993) — шведски фудбалер, играч од средниот ред на Краснодар и на шведската репрезентација.
Клупска кариера Роден и израснат во Вернамо, својата кариера ја започнал во екипата на ИФК Вернамо, за која дебитирал како професионалец во третата шведска лига во 2009 година. Под водството на тренерот Јонас Терн, клубот изборил промоција во Суперетан - втората лига на земјата - благодарение на својте млади и талентирани играчи како Симон Терн, Лалавеле Атакора и Класон. Следната година Класон постигнал 13 гола на 29 натпревари во втората лига, и покрај тоа, што тимот бил принуден да победува во баражот за да остане во лигата.
thumb|left|200px|Класон во дресот на Елфсборг. По одличната сезона во Суперетан со ИФК Вернамо, Класон потпишал четиригодишен договор со многу попознатиот шведски прволигашки клуб Елфсборг. Дебитирал во Алсвенскан на 31 март 2012, во победата на домашен терен со 2-1 над Јургорден, а својот прв погодок во дресот на Елфсборг го забележал на 12 април 2012 во победата со 2-0 над Норчепинг. Веќе во првата сезона со клубот, тој го освоил шведското првенство придонесувајќи за титулата со 27 настапи и 5 голови. Во мај 2014, тој играл од почетокот на натпреварот во победата со 1-0 над Хелсингборг во финалето на Купот на Шведска, освојувајќи ја својата втора титула со Елфсборг.
На 25 јануари 2017 година, Класон потпишал три ипол годишен договор со руската екипа Краснодар. Дебитирал на 16 февруара 2017 година против турскиот Фенербахче во Лига Европа; во четвртата минута од истиот натпревар го постигнал првиот гол за новиот клуб уште при првиот допир со топката, а УЕФА потоа го избрала за најдобар играч на натпреварот.
На 5 март 2022 година, тој го раскинал договорот со Краснодар по конфликтот меѓу Русија и Украина. На 31 март, тој потпишал за данскиот ФК Копенхаген.
Репрезентативна кариера Класон ја претставувал Шведска во неколку младински репрезентации: под 17 години, под 19 години и под 21 година.
Дебитирал за сениорската репрезентација на Шведска на 18 јануари 2012, во пријателски натпревар против Бахреин, а својот прв гол го постигнал само пет дена подоцна во победата со 5-0 против Катар во својот втор натпревар за шведската репрезентација.
Во мај 2018 годинa, бил избран во составот на Шведска за Светското првенство 2018 во Русија, каде ги одиграл сите натпревари за својата земја, а Шведска дошла до четвртфиналето каде била елиминирана од . Три години подоцна, тој бил повикан за Европското првенство 2020, каде исто така ги одиграл сите натпревари, заклучно со поразот од во осминафиналето по продолженија со кои швеѓаните биле елиминирани. Класон постигнал еден гол на турнирот, во последниот натпревар од групната фаза против погодувајќи ја мрежата на полјаците во четвртата минута од судиското продолжение со што и донел победа на својата репрезентација и воедно прво место во групата Е.
Хронологија на репрезентативни настапи
Статистика Клупска статистика
Репрезентативна статистика РепрезентацијаГод.НастапиГолови20122120132020163020171222018141201943202051202182Вкупно5010
Титули Клупски Елфсборг Шведско првенство : 1 2012 Куп на Шведска : 1 2013-2014
Наводи
Надворешни врски
Виктор Класон на soccerway Виктор Класон на transfermarkt Виктор Класон на global sports archive Виктор Класон на whosocered
Категорија:Шведски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Копенхаген Категорија:Фудбалери на ФК Краснодар Категорија:Родени во 1992 година