Благоја Стојчев Трајковски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Потекнувал од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а потоа изучил автомеханичарски занает. Во септември 1944 година стапил во редовите на Дванаесеттата македонска ударна бригада. По кратко време бил префрлен во Главниот штаб на НОВ за Македонија. Бил поставен за командир на моторизираното одделение, со кое учествувал во извршувањето на бројни борбени задачи. На 9 септември 1944 година, возејќи теренско возило кај селото Раштак, бил нападнат од германски авиони и убиен од митралески рафал. Неговите останки биле закопани на местото каде што загинал, а по ослободувањето пренесени и погребани на скопските гробишта.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жртви во битките за слобода на Скопје