Велимир Алчев Христов ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Потекнувал од сиромашно семејство. Се доселил во Cкопје, каде завршил основно училиште, а потоа се оспособил и работел како леар во скопската ложилница. Како симпатизер на народноослободителното движење уште од 1942 година активно ја помагал борбата против окупаторот. Извршувал разни задачи за ОВ. Во почетокот на септември 1944 година, стапил во борбените редови на Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со чиј состав водел тешки борби против балистите и Германците на Скопска Црна Гора. На 8 октомври 1944 година, загинал во една од секојдневните борби против балистите, кај месноста Горни Забел, западно од Добри Дол.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ