Коста Атанасов Христовски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Произлегува од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. Во народноослободителното движење бил вклучен од 1941 година, кога се поврзал со партиската организација во селото Сингелиќ. Како член на КПЈ извршувал разни задачи. На 1 декември 1942 година, бил затворен од страна на окупаторската бугарска фашистичка полиција. Потоа бил осуден на затвор, а казната ја издржувал во затворот во Идризово. На 28 август 1944 година, при ослободувањето на политичките затвореници од страна на Треттата македонска ударна бригада, бил ослободен ѝ се вклучил во борбените редови на Треттата македонска ударна бригада, со која учествувал во натамошните борби против непријателот. На 9 ноември 1944 година, загинал во една борба против балистите.

Поврзано

Петре Христовски

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жртви во битките за слобода на Скопје