Мејсон Маунт (роден на 10 јануари 1999 година, во Портсмут) — англиски фудбалер, на и на англиската репрезентација.
Биографија Маунт е роден во Портсмут, Хемпшир. Неговиот татко, Тони, бил поранешен фудбалер кој играл во нисколигашки екипи, а подоцна бил и тренер на некои локални клубови, како Хавант Таун.
Како дете, Маунт играл во локалните лиги; во 2003 година, на 4-годишна возраст, тој поминувал еден ден неделно тренирајќи во академиите на Портсмут и Челси. Наведувајќи ги Френк Лампард, Лука Модриќ и Андрес Инјеста како свои идоли и омилени играчи, Маунт на крајот се приклучил на Челси во 2005 година.
Маунт е најдобар пријател со фудбалерот на Вест Хем Јунајтед и тимски колега од англиската репрезентација, Деклан Рајс, уште од детството.
Технички одлики Маунт е комплетен играч за врска, способен да игра како мецала и понапред како офанзивен играч од средниот ред. Вешт е во вклучувањата во нападот од позадина и во фазата на реализација, но тој има и извонредна визија за играта и одлична поединечна техника. Поради неговите одлики е споредуван со неговите сонародници Френк Лампард и Џек Вилшер.Mason Mount: 1999 – Inghilterra generazioneditalenti.itUn talento al giorno, Mason Mount: un nuovo Lampard per il Chelsea tuttomercatoweb.com
Клупска кариера Челси Младински категории На 18-годишна возраст, Маунт бил промовиран во сениорскиот тим на Челси; претходно тој дебитирал за тимот под 18 години во 2014 година, на 15-годишна возраст, а исто така, играл редовно и за тимот под 21 година во 2016 година. Маунт постигнал 10 гола на 30 натпревари во шампионската кампања на Челси во Премиер лигата под 18 години. Тој, исто така, освоил два ФА купа за млади, УЕФА Младинската лига и бил избран за Играч на годината на Академијата на Челси до 2017 година.
Позајмиците во Витесе и Дарби Каунти На 24 јули 2017 година, Маунт се приклучил на заем на холандскиот Ередивиси клуб Витесе. Своето деби за првиот тим го направил на 26 август, влегувајќи како замена во 77-мата минута во поразот на домашен терен од Аз Алкмар со 1–2. Следниот месец, тој го направил својот прв старт за Витесе во натпреварот од првото коло на Купот на Холандија на гостувањето кај петтолигашот Свифт, играјќи 90 минути во ремито 0-0, по што екипата на Свифт победила по изведување на пенали. Својот прв гол за Витесе го постигнал на 1 октомври 2017, во 76-тата минута од натпреварот на домашен терен против Утрехт што завршил нерешено 1-1. Маунт бил избран во Ередивиси Тимот на годината и бил избран за Играч на годината на Витесе.
За време на првиот полуфинален натпревар во плејофот на Ередивиси за европските натпреварувања против АДО Ден Хаг на 9 мај 2018 година, Маунт го постигнал својот прв хет-трик во кариерата, помагајќи му на Витесе да победи на гости со 5-2. Во реваншот, Маунт погодил уште еднаш за победата со 2-1, со што Витесе со вкупни 7-3 се пласирале во финалето. На првиот натпревар од финалето на плејофот против Утрехт, Маунт го отворил резултатот, но поради картони бил суспендиран за вториот; сепак, Витесе успеал да го добие двомечот со вкупен резултат 5-3. Маунт забележал 39 настапи во сите натпреварувања за Витесе, постигнувајќи 14 гола, пред да се врати во Челси.
На 17 јули 2018 година, Маунт се приклучил на заем до крајот на сезоната во Дарби Каунти. Дебитирал во Чемпионшип на 3 август 2018, постигнувајќи гол уште на своето деби со кој го израмнил резултатот во 60-тата минута од победата со 1-2 на гостувањето кај Рединг. Маунт бил надвор од терените два месеци откако претрпел повреда на тетивата во натпреварот од ФА Купот против Акрингтон Стенли. Тој се врати во акција во победата со 6-1 над Ротерам Јунајтед, во која над него бил направен пенал. Две недели подоцна, тој го постигнал својот втор хет-трик во кариерата во натпреварот против Болтон Вондерерс, добиен со 4-0. Маунт одиграл вкупно 44 натпревари и постигнал 11 голови во сезоната 2018-2019. На 27 мај 2019, тој, исто така, го започнал финалето на плејофот во Чемпионшип против Астон Вила, но не успеал да му помогне на својот клуб да обезбеди промоција во Премиер лигата откако овните биле поразени со 2-1 на Вембли.
2019–2020: Пробивот во првиот тим
На 15 јули 2019 година, Маунт потпишал нов петгодишен договор со Челси. Дебитирал за Челси на 11 август 2019 година, во поразот со 4–0 на гости кај Манчестер Јунајтед во Премиер лигата. Тој го постигнал својот прв гол во дресот на Челси само една недела подоцна против Лестер Сити, за време на своето деби пред домашната публика, кога екипата предводена од менаџерот Френк Лампард одиграла нерешено 1-1, и додал уште гол веќе еден на следниот натпревар на гостувањето кај Норич Сити. На 17 септември, тој се здобил со повреда на глуждот во натпреварот од првото коло на Лигата на шампионите против Валенсија.
После паузата која уследила заради панедмијата на КОВИД-19, во доигрувањето на првенството во јули 2020, Маунт станал првиот матурант на Академијата на Челси кој дебитирал за првиот тим и завршил со 50 или повеќе настапи во рамките на една иста сезона. Во последното коло од сезоната, победата со 2-0 против Вулверхемптон Вондерерс, Маунт го постигнал првиот гол од слободен удар и му асистирал на Оливје Жиру за вториот гол за да им помогне на сините да обезбедат пласман во Лигата на шампионите. Тој играл и во финалето на ФА Купот, кое Челси го загубиле од лондонскиот градски соперник Арсенал со 2-1.
2020–2021: Лига на шампиони и Играч на сезоната Маунт ја започнал сезоната 2020–2021 играјќи речиси во сите натпревари на Челси во првите месец дена. На 26 септември 2020, тој го постигнал својот прв гол за сезоната против Вест Бромвич Албион во ремито 3–3 на гости. Меѓутоа, веќе во следниот натпревар следело големо разочарување за него, откако Маунт го промашил решавачкиот пенал во поразот на Челси по изведување на пенали со 5-4 од Тотенхем во четвртото коло од Лига купот играно на 29 септември. Во јануари 2021, Маунт постигнал гол во два последователни натпревари: најпрво ја погодил мрежата на Морекамб во победата со 4-0 во третото коло на ФА Купот, а потоа бил стрелец и на победеносниот гол на гостувањето кај Фулам во Премиер лигата, со кој сините славеле успех со 1-0. На 24 јануари, Маунт излегол на терен како капитен на Челси за првпат во својата кариера, во победата со 3–1 над Лутон Таун во ФА Купот.
На 4 март, Маунт го постигнал единствениот гол во победата со 1-0 на гостински терен над Ливерпул, пред да го постигне својот прв гол во европските натпреварувања во победата на Челси со 2-0 над Порто во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите на 7 април, станувајќи најмладиот играч на Челси кој постигнал гол во нокаут фазата на Лигата на шампионите. На 27 април, тој го одбележал својот 100-ти настап за Челси играјќи во ремито 1-1 на гостувањето против Реал Мадрид во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите; во реваншот во Лондон одигран на 5 мај, тој го постигнал вториот гол во победата со 2-0 над шпанскиот клуб, со што му помогнал на Челси да се пласира во финалето со вкупен резултат 3-1.
На почетокот на сезоната, присуството на Маунт во почетниот состав на Челси и на англиската репрезентација било осудувано од навивачите и медиумите заради фаворизирање од неговите менаџери, Лампард и Гарет Саутгејт. Сепак, сомнежите биле расчистени откако Томас Тухел ја преземал клупата на Челси, нарекувајќи го Маунт „клучен за нашата игра“ и „апсолутно клучен играч“ и го нарекол еден од најдобрите играчи во Европа. На 18 мај, Маунт бил изгласан за Играч на годината на Челси. На 29 мај, Маунт асистирал за голот на Каи Хаверц, со кој Челси го победил Манчестер Сити со 1-0 во финалето на Лигата на шампионите одиграно во Порто, со што „Сините“ го освоиле најсилното меѓународно европско натпреварувањето по втор пат во нивната историја, а Маунт истовремено го освоил својот прв трофеј со клубот.
Манчестер Јунајтед На 5 јули 2023, Маут потпишал петгодишен договор со .
Репрезентативна кариера Млади репрезентации Маунт ја претставувал Англија во неколку младински репрезентации: под 16, под 17, под 18, под 19 години и под 21 година.
Со репрезентацијата под 17 години, настапил на Европското првенство за играчи под 17 години во 2016 година. Година дена подоцна, тој играл на Европското првенство за играчи под 19 години. Маунт му асистирал на Лукас Нмеха за победничкиот гол против Португалија во финалето, благодарение на кој Англија станала шампион. Потоа тој бил прогласен за најдобар играч на турнирот.
За репрезентацијата под 21 година дебитирал на 11 септември 2018, забележувајќи гол и асистенција во победата со 1-2 на гостувањето кај Латвија, во квалификациите за Европското првенство 2019. На 27 мај 2019, Маунт бил избран во составот од 23 играчи кој учествувале на Европското првенство 2019. Тој настапил во сите три натпревари на Англија во групната фаза, забележувајќи асистенција во поразот со 2-4 од Романија.
Сениорска репрезентација После неговата импресивна сезона со Витесе, Маунт бил поканет од менаџерот Гарет Саутгејт да тренира со сениорскиот тим една недела пред Светско првенство 2018. Потоа, тој повторно бил повикан во сениорскиот тим за натпреварите од Лигата на нации против Хрватска и Шпанија во октомври 2018 година. пред конечно да го направи своето деби за трите лавови на 7 септември 2019 година - влегувајќи како замена во 67-мата минута при победата на Англија со 4-0 над Бугарија на домашен терен во квалификациите за Европското првенство 2020. Во споменатите квалификации, Маунт го постигнал и својот прв гол за репрезентацијата во победата со 4-0 над Косово.
Маунт бил избран во 26-члениот состав на Англија за Европското првенство 2020. Дебитирал на првенството на 13 јуни 2021, кога Англија ја совлдала со 1-0 на Вембли во првиот натпревар од групната фаза. Девет дена подоцна, Маунт и неговиот соиграч од англиската репрезентација Бен Чилвел биле принудени да се самоизолираат откако стапиле во контакт со играчот на Шкотска Били Гилмор, кој бил позитивен на КОВИД-19 на тестирањето по натпреварот меѓу Англија и Шкотска што завршил 0-0. Поради самоизолацијата, тој ги пропуштил следните два натпревари на својата земја: победата со 1-0 над со која Англија како прва ја минала групата, како и победата над во осминафиналето. Маунт се вратил за четвртфиналето и го одиграл целиот натпревар во кој англичаните биле подобри од со 4-0 во Рим.
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 9 јули 2021.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2017-2018 Витесе ЕД 29+3Плејоф за Лига Европа. 9+5 КХ 1 0 ЛЕ 6 0 СХ 0 0 39 14 2018-2019 Дарби Каунти ФЛЧ 35+3Плејоф за промоција во Премиер лигата 8+1 ФАКуп+ЛК 2+4 0+2 - - - - - - 44 11 2019-2020 Челси ПЛ 37 7 ФАКуп+ЛК 6+1 1+0 ЛШ 8 0 СУ 1 0 53 82020-2021 ПЛ 36 6 ФАКуп+ЛК 5+2 1+0 ЛШ 11 2 - - - 54 9 Вкупно Челси73131421921010717Вкупно во кариерата 137+6 30+6 21 4 25 2 1 0 190 42
Титули
Клупски Челси младински натпреварувања Премиер лигата под 18 години : 1 2016–2017 ФА куп за млади : 1 2015–2016, 2016–2017 УЕФА Младинска лига : 1 2015–2016
сениорски натпреварувања УЕФА Лига на шампиони : 1 2020-2021
Репрезентативни Англија под 19 години Европско првенство за играчи под 19 години : 1 2017
Поединечни Играч на годината на Академијата на Челси: 2016–2017 Европско првенство за играчи под 19 години - Тим на првенството : 2017 Европско првенство за играчи под 19 години - Златен играч: 2017 Играч на годината на Витесе : 2017–2018 Ередивиси Тим на годината : 2017–2018 Играч на годината на Челси : 2020–2021 УЕФА Лига на шампиони - Тим на сезоната : 2020–2021 Матурант на годината во Премиер лигата : 2020–2021
Наводи
Надворешни врски
Мејсон Маунт на transfermarkt Мејсон Маунт на soccerway Мејсон Маунт на 90minut Мејсон Маунт на whoscored
Категорија:Живи луѓе Категорија:Англиски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Челзи Категорија:Фудбалери на ФК Витесе