Фин дисциплината во едрење на Летните олимписки игри 2016 во Рио де Жанеиро била одржана во периодот од 9 до 16 август во Марина да Глорија.

Одржани биле единаесет трки (од кои последната била трка за медали), а британскиот едриличар Џајлс Скот бил прогласен за добитник на златен медал уште пред да заврши натпреварувањето, имајќи непобедливо водство пред трката за медали. Сребрениот медал го освоил Василиј Жбогар од Словенија, а на победникот на трката за медали Кејлеб Пејн, му припаднал бронзениот медал.

Распоред Вто 9 авг Сре 10 авг Чет 11 авг Пет 12 авг Саб 13 авг Нед 14 авг Пон 15 авг Вто 16 авг Трка 1Трка 2 Трка 3Трка 4 Трка 5Трка 6 Трка 7Трка 8 Трка 9Трка 10 Трка за медали

Резултати

Наводи

Фин