Бурен - езеро во шведската покраина Естерјетланд помеѓу градовите Буренсберги и Мотала. Површината на езерото е 28 км² додека најголемата длабочина е 14 м.

Езерото е составен дел на Јетскиот Канал и реката Мотала. Градот Буренсберг, сместен на источниот брег на езерото, го добил името по Бурен. На јужната страна од езерото се наоѓа 'ртот Биргита (Birgittas udde) и благородничкиот имот на Улфес од 12 век. За време на студените зимски месеци, езерото замрзнува и со тоа станува популарно лизгалиште. Категорија:Езера во Шведска