Томе Пецев Николовски ( во Сарај, Скопско — некаде помеѓу Нови Пазар и Краљево) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОБ.
Животопис Израснал во cиpомашно семејство во тогаш селото Сарај. Се занимавал со земјоделство. На 10 септември 1944 година, тој стапил во НОВ и ПОМ и учествувал во завршните операции за ослободувањето на Македонија. Со Шеснаесеттата македонска ударна бригада, тој заминал за Сремскиот фронт. Бил борец во третата чета на првиот баталјон. Учествувал ѝ во завршните операции за ослободување на тоа што се денес Војводина и Хрватска, како и во гонењето на непријателските сили од територијата на Југославија. На 23 август 1945 година, загинал во несреќен случај, што го предизвикал превртувањето на камионот во кој патувал. Бил погребан на патот меѓу Нови Пазар и Краљево.
Наводи
Категорија:Луѓе од Сарај Категорија:Починати во Србија Категорија:Учесници во НОБ