Дисциплината 400 метри краул во машка конкуренција во пливање на Летните олимписки игри 2020 била одржана на 24 и 25 јули 2021 година, во Аква центарот во Токио.
Ова било 27-мо последователно појавување на оваа дисциплина на Летните олимписки игри, а истата се одржувала на секое издание на игрите од 1904 година.
Златниот медал го освоил Ахмед Хафнауи од Тунис, среброто Џек МекЛафлин од Австралија, а бронзата му припаднала на Киеран Смит од САД.
Рекорди Пред ова натпреварување, актуелните светски и олимписки рекорди биле следниве:
Квалификации Потребното време за квалификување на Олимписките игри во оваа дисциплина било 3:46.78. По двајца пливачи од еден Национален олимписки комитет (НОК) можат автоматски да се квалификуваат доколку испливале време потребно за квалификување на настанот. Времето за избирање на натпреварувачи е до 3:53.58. До еден пливач на состанок на НОК тоа време е подобно за избор, доделено според светскиот пласман сè додека не се достигне максималната квота за сите настани во пливање. Секој НОК без машки пливач квалификуван во некоја дисциплина, исто така, може да го искористи своето место за универзалност.
Формат Натпреварувањето во оваа дисциплина се состои од две рунди: серии и финале. Пливачите со најдобри 8 времиња во сериите се пласираат во финалето. Таканаречните допливувања (на англиски swim-offs) биле користени колку што е потребно пати за да се одреди кои пливач ќе обезбеди пласман во следната рунда во случаи на идентично остварено време.
Распоред Сите времиња се според Јапонското време (UTC+9)
ДатаВремеРунда 24 јули 19:38 Серии 25 јули 10:52 Финале
Медалисти Злато СреброБронза
Резултати Пливачите со 8 најдобри остварени времиња, без оглед од која серија доаѓаат, се квалификуваат за финалето.
Серии Место Серија Линија Пливач Земја Време Инфо 1 4 2 Хенинг Мјулајтнер 3:43.67 Q 2 4 3 Феликс Аубек 3:43.91 Q 3 4 4 Габриеле Дети 3:44.67 Q 4 5 4 Елајџа Винингтон 3:45.20 Q 5 5 5 Џек МекЛафлин 3:45.20 Q 6 5 2 Киеран Смит 3:45.25 Q 7 5 1 Џејк Мичел 3:45.38 Q 8 4 8 Ахмед Хафнауи 3:45.68 Q 9 3 5 Антонио Џаковиќ 3:45.82 НР 10 5 6 Марко Де Тулио 3:45.85 11 4 7 Гиљерме Коста 3:45.99 12 4 6 Лукас Мартенс 3:46.30 13 4 5 Данас Рапшис 3:46.32 14 3 7 Марван Ел-Камаш 3:46.94 15 3 1 Крегор Зирк 3:47.05 НР 16 2 4 Алфонсо Местре 3:47.14 17 3 4 Александар Јегоров 3:47.71 18 5 8 Габор Зомбори 3:47.99 19 5 7 Џи Ксинџие 3:48.27 20 4 1 Киеран Брд 3:48.55 21 3 3 Хенрик Кристијансен 3:48.88 22 5 3 Мартин Малјутин 3:49.49 23 3 2 Зак Рид 3:49.85 24 2 3 Мартин Бау 3:52.56 25 2 2 Хоакин Варгас 3:52.94 26 3 8 Ли Хо-џун 3:53.23 27 1 5 Едуардо Систернас 3:54.10 28 3 6 Давид Обри 3:55.01 29 2 6 Афла Фадлан Правира 3:55.08 30 2 7 Весли Робертс 3:55.65 31 1 4 Игор Моње 3:56.56 32 1 3 Иракли Ревишвили 3:57.49 33 2 5 Велсон Сим 3:58.25 34 2 8 Алекс Соберс 3:59.14 35 2 1 Џејмс Фриман 4:03.10 36 1 6 Филип Деркоски 4:03.34
Финале
Место Линија Пливач Земја Време Инфо 8 Ахмед Хафнауи 3:43.36 2 Џек МекЛафлин 3:43.52 7 Киеран Смит 3:43.94 4 4 Хенинг Мјулајтнер 3:44.07 5 Феликс Аубек 6 3 Габриеле Дети 3:44.88 7 6 Елајџа Винингтон 3:45.20 8 1 Џејк Мичел 3:45.39
Наводи
Надворешни врски
мажи 400 м краул