Дисциплината 200 метри краул во машка конкуренција во пливање на Летните олимписки игри 2020 била одржана на 25, 26 и 27 јули 2021 година, во Аква центарот во Токио.
Имало приближно 50 натпреварувачи од приближно 35 земји, со крајни бројки утврдени преку тековниот процес на избор, вклучувајќи ги и местата за универзалност.
Златниот медал го освоил Томас Дин од Велика Британија, среброто отишло кај неговиот сонародник Данкан Скот, а бронзата ја освоил Фернандо Шефер од Бразил.
Општо Ова било 16-тото појавување на оваа пливачка дисциплина, која се одржувала во 1900 и 1904 година, а потоа на секое издание од 1968 година наваму.
Единствениот финалист од Игрите во 2016 година кој се вратил да учествува во истата дисциплина и во Токио бил тогаш петтопласираниот Таунли Хас од САД. Хас освоил сребро на Светското првенство 2019. Актуелниот олимписки шампион и двократниот актуелен светски шампион Сун Јанг од Кина ги пропуштил игрите во Токио 2020 година поради забрана која му била изречена поради допинг.
Квалификации Потребното време за квалификување на Олимписките игри во оваа дисциплина било 1:47.02. До двајца пливачи по Национален олимписки комитет (НОК) можеле автоматски да се квалификуваат со пливање до тоа време или подобро на одобрен настан за квалификации. Времето за избирање на натпреварувачи било до 1:50.23. До еден пливач по НОК со тоа време бил подобен за избор, доделено според светскиот пласман сè додека не се достигне максималната квота за сите дисциплини во пливање. НОК без машки пливач квалификуван во секој случај исто така може да го искористи своето место за универзалност.
Формат на натпреварување Натпреварувањето се состоело од три круга: серии, полуфинале и финале. Пливачите со 16 најдобри остварени времиња во сериите се пласираат во полуфиналето. Пливачите пак со најдобрите 8 остварени времиња во полуфиналето се пласираат во финалето. Таканаречните допливувања (на англиски swim-offs) биле користени колку што е потребно пати за да се одреди кои пливач ќе обезбеди пласман во следната рунда во случаи на идентично остварено време.
Рекорди Пред ова натпреварување, актуелните светски и олимписки рекорди биле следниве:
Распоред Настанот бил префрлен на тридневен распоред, со секој круг на натпреварување во одделни, последователни денови. Сите времиња се според Јапонското време (UTC+9)
ДатаВремеРунда Недела, 25 јули 2021 19:17 Серии Понеделнил, 26 јули 2021 10:37 Полуфинале Вторник, 27 јули 2021 10:43 Финале
Медалисти Злато СреброБронза
Резултати Серии Пливачите со 16 најдобри остварени времиња, без оглед од која серија доаѓаат, се квалификуваат за полуфиналето.
Место Серија Линија Пливач Земја Време Инфо 1 3 5 Хванг Сун-во 1:44.62 , НР 2 4 2 Фернандо Шефер 1:45.05 , ЈА 3 3 4 Томас Дин 1:45.24 4 2 1 Давид Поповиќ 1:45.32 5 4 4 Данкан Скот 1:45.37 6 4 5 Мартин Малјутин 1:45.50 7 3 7 Стефано Бало 1:45.80 8 5 2 Томас Нил 1:45.81 9 5 4 Данас Рапшис 1:45.84 10 3 6 Таунли Хас 1:45.86 11 5 8 Крегор Зирк 1:46.10 , НР 12 3 1 Нандор Немет 1:46.19 13 5 3 Киеран Смит 1:46.20 14 2 3 Велимир Стјепановиќ 1:46.26 15 3 2 Антонио Ѓаковиќ 1:46.37 16 4 1 Стефано Ди Кола 1:46.67 17 5 5 Кацухиро Мацумото 1:46.69 5 7 Лукас Мартенс 19 2 5 Јакоб Хеитман 1:46.73 20 4 8 Жордан Потен 1:46.75 21 4 3 Џи Ксинџи 1:46.86 22 5 6 Елајџа Винингтон 1:46.99 23 4 7 Робин Хансон 1:47.02 24 3 3 Иван Гирев 1:47.11 5 1 Мурило Сартори 1:47.11 26 2 8 Алексеј Санков 1:47.46 27 2 4 Денис Локтев 1:47.68 28 3 8 Џонатан Атсу 1:47.75 29 2 7 Алекс Соберс 1:48.09 30 4 6 Доминик Козман 1:48.87 31 1 6 Димитриос Маркос 1:49.16 32 2 2 Велсон Сим 1:49.24 33 1 5 Микел Схредерс 1:49.43 34 2 6 Батуралп Унлу 1:49.75 35 1 3 Хоакин Варгас 1:49.93 36 1 2 Мохтар Ал-Јамани 1:49.97 37 1 4 Весли Робертс 1:50.41 38 1 7 Џејмс Фриман 1:52.87 39 1 1 Удај Хасуна 1:56.27
Допливување Место Серија Линија Пливач Земја Време Инфо 1 4 Кацухиро Мацумото 1:46.06 2 5 Лукас Мартенс 1:46.40
Полуфинале Пливачите со 8 најдобри остварени времиња, без оглед од кое полуфинале доаѓаат, се квалификуваат за финалето.
Место Серија Линија Пливач Земја Време Инфо 1 2 3 Данкан Ско 1:44.60 2 2 1 Киеран Смит 1:45.07 3 2 2 Данас Рапшис 1:45.32 4 2 5 Томас Дин 1:45.34 5 1 3 Мартин Малјутин 1:45.45 6 2 4 Хванг Сун-во 1:45.53 7 1 5 Давид Поповиќ 1:45.68 8 1 4 Фернандо Шефер 1:45.71 9 1 6 Томас Нил 1:45.74 10 2 6 Стефано Бало 1:45.84 11 2 8 Антонио Ѓаковиќ 1:45.92 12 1 2 Таунли Хас 1:46.07 13 2 7 Крегор Зирк 1:46.67 14 1 8 Стефано Ди Кола 1:47.19 15 1 7 Нандор Немет 1:47.20 16 1 1 Велимир Стјепановиќ 1:47.62
Финале Место Линија Пливач Земја Време Инфо 6 Томас Дин 1:44.22 4 Данкан Скот 1:44.26 8 Фернандо Шефер 1:44.66 ЈА 4 1 Давид Поповиќ 1:44.68 5 2 Мартин Малјутин 1:45.01 6 5 Киеран Смит 1:45.12 7 7 Хванг Сун-во 1:45.26 8 3 Данас Рапшис 1:45.78
Наводи
Надворешни врски
мажи 200 м краул