Вестерштеде (; ) — град и административно седиште на округот Амерланд, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Градот се наоѓа околу 20 километри северозападно од слободниот град Олденбург.
Познат е по одржувањето на фестивалот „Родо“, што е најголема изложба на рододендрони во Европа. Фестивалот се одржува на секои четири години.
Географија
Вестерштеде се наоѓа околу 20 километри северозападно од Олденбург на сојузниот автопат А28 и на околу 30 километри од градот Лер.
Градски единици
Градското подрачје на Вестерштеде се состои од 49 градски единици: Бургфорде, Егелоге, Фелде, Фикенсолт, Гарнхолт, Гиселхорст, Халсбек, Халструп, Холриде, Холвеге со Холвегерфелд, Хилштеде, Ихаузен, Ихорст, Карлсхоф, Линсвеге, Линсвегерфелд, Манзи, Линдерн, Морбург, Нојенгланд, Охолт, Ховик, Охолтерфелд, Оленхарде, Петерсфелд, Зегерн, Тарбарг, Торсхолт, Вестерлој, Вестерлојерфелд и Вестерштедерфелд.
Политика Градски совет
Градскиот совет се состои од 34 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 20.001 и 25.000 жители.Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten , abgerufen am 9. Dezember 2011. Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.
На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:
Партија 11.9.2016Gesamtergebnis Gemeindewahl 11.09.2016, abgerufen am 5. Januar 2017 11.9.2011 10.9.2006 9.9.2001 CDU 38,95 % 12.318 13 места 34,1 % 9.817 12 места 37,7 % 10.857 13 места 31,5 % 9.058 11 места SPD 22,90 % 7.244 8 места 25,8 % 7.411 9 места 22,9 % 6.588 8 места 32,9 % 9.464 12 места FDP 11,18 % 3.538 4 места 15,8 % 4.555 5 места 23,8 % 6.852 8 места 18,5 % 5.312 6 места Grüne 10,12 % 3.201 3 места 13,5 % 3.874 4 места 6,0 % 1.714 2 места 5,9 % 1.688 2 места UWG 15,00 % 4.746 5 места 10,8 % 3.099 4 места 9,6 % 2.752 3 места 11,0 % 3.168 4 места Самостоен кандидат 576 % 576 1 место – – – – – – – – – Излезност 10.882 од 18.470 9.993 од 18.027 10.031 од 17.610 9.939 од 16.815 58,9% 55,4% 57,0% 59,1%
Градоначалник
Градоначалник на градот Вилдесхаузен е Михаел Реснер (UWG).
Збратимени градови
Вестерштеде е збратимен со следниве градови:
Плешев, Полска
Сообраќај
Железничката станица во Вестерштеде се наоѓа во селото Охолт, 6 километри јужно од градот. Низ станицата поминуваат возови до Лер и Олденбург на секој половина час.
Познати луѓе
Ајлхардус Лубинус (1565–1621) — професор Фридрих Титјен (1834–1895) — астроном Волфганг Хакбуш (р. 1948) — математичар Бруно Штајнхоф (р. 1937) — стопанственик
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Амерланд