Сепфора (старогрчки: Σεπφώρα) или како Ципора ( = „птица“) — сопругата на Мојсеј, која е споменета во библиската книга Исход; ќерка на Јотор, ​​месниот свештеник и водач на Мадијамците. Таа е мајка на двата Мојсееви сина: Гирсам и Елиезер.Библија за млади: Стар и Нов завет

Во Библијата Сепфора била една од седумте ќерки на Јотор, месниот свештеник и водач на Мадијамците (полуномадски народ). Додека Евреите биле робови во Египет, Мојсеј убил египетски надзорник, кој удрил Евреин, за што бил осуден на смрт од страна на фараонот. Мојсеј морал да побегне од Египет во земјата на Мадијам (Исход 2:15). Еден ден седел кај бунарот, каде што ќерките на Јотор ги донеле овците на нивниот татко. Се појавиле други овчари и ги истерале девојчињата за први да го напојат своето стадо. Мојсеј им помогнал на девојчињата — ги избркал овчарите и им го напоил нивното стадо. Кога девојчињата се вратиле дома, нивниот татко прашал: Зошто толку брзо се вративте денеска?Тие одговориле:

После тоа, Мојсеј почнал да живее меѓу Мадијамците. Јотор му ја дал својата ќерка Сепфора, која му родила два сина — Гирсам и Елиезер. „Едно име е Гирсам, затоа што Мојсеј рекол: Јас сум странец во чудна земја; а другото име е Елиезер, бидејќи [тој рекол], Бог, помошникот на мојот татко, ме избави од мечот на фараонот“ (Исх. 18:3–4). По смртта на египетскиот фараон, Бог го повикал Мојсеј да се врати во Египет. Мојсеј го започнал своето патување за Египет, земајќи ги со себе сопругата и децата. Едно од нивните деца не било обрежано навремено, а потоа Господ, појавувајќи се на Мојсеј, му се заканил со смрт за такво прекршување на Законот. Потоа, Сепфора го обрежала со камен нож и го фрлила, обоен со свежа крв, пред нозете на Мојсеј со извикот: „Ти си за мене крвав младоженец“ (Исх. 4:24–26). По излегувањето на Евреите од Египет, Јотор се сретнал со Мојсеј, доведувајќи ја и Сепфора, која претходно била вратена со синовите на Мојсеј (Исх.18:2).

Темната кожа на Сепфора Уште едно споменување на Сепфора во Библијата (Бр. 12:1–15), кога Миријам и Арон (сестрата и братот на Мајсеј) го прекоруваат Мојсеј дека се оженил со „Етиопјанка“, односно жител на Куш или Нубија. Самите Мадијамци имале темна кожа и биле наречени „кушим“, хебрејски збор за луѓе со темна кожа. Античките и средновековните еврејски извори спорат дали Сепфора била кушитка. Јосиф Флавиј известувал дека кушитката станала сопруга на Мојсеј уште пред да избегала од Египет — тој се оженил со неа за време на Јужната воена кампања, како воен водач во египетската армија. Современите библиски истражувачи се согласуваат дека кушитката и Сепфора се две различни жени, бидејќи бигамијата била легална уште од времето на Јаков (патријарх на Израилците — еврејски народ). Сепак, некои истражувачи ја опишале Сепфора како кушитка со темна кожа.

Сепфора како тема во уметноста и во популарната култура

Филм

„Принцот на Египет“ — цртан филм (адаптиран од книгата Исход) од 1998 година. Сепфора е во глас на Мишел Фајфер. „Десетте заповеди“ — анимиран филм од 2007 година. „Исход: Богови и цареви“ — филм од 2014 година.

Наводи

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Библија Категорија:Религија Категорија:Мојсеј Категорија:Исход (библиска книга) Категорија:Личности од книгата Исход