ОСУ „Мирко Милески“ — средно општинско училиште, се наоѓа во строгиот центар на Кичево на улица Рудничка бр. 2. Центарот располага со 25970 метри квадратни. На овој простор се сместени главната зграда, спортската сала, отворените игралишта за фудбал и кошарка, како и две машински работилници. Гимназијата има на располагање 24 училници, од кои во 21 може да се изведува класична настава.

Моментално во центарот наставата редовно ја посетуваат 900 ученици, а бројот на стручниот кадар што ја води наставата брои 90 лица. наставата се изведува на македонски . ОСУ Мирко Милески започна со работа дамнешната 1952/53 година како виша гимназија Мирко Милески. Со општествениот развој како и поради економските прилики се спроведуваат реформи во сите училишни центри во Р Македонија, а и нашиот центар не претставува исклучок. Во текот на долгогодишната работа покрај гимназиското образование се појавуваат и други струки. Образовни Профили

Фармацевтско-лабораториски техничар Општествено-хуманистичко подрачје Електро-техничар за компјутерска техника и автоматика Економски техничар Медицинска сестра Природно-математичко подрачје Јазично-уметничко подрачје Машинско-енергетски техничар

Познати лица кои учеле во училиштето Антонијо Милошоски (1990-1994) - политичар, член на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен Министер за надворешни работи на Македонија Наводи

Надворешни врски http://mirkomileski.edu.mk Мрежно место на училиштето Официјално мрежно место на Министерството за образование и наука

Категорија:Средни училишта во Кичево Категорија:Средни училишта во Општина Кичево Категорија:Средни училишта во Македонија