Златко Павлов Николовски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОБ.
Животопис Основно четиригодишно училиште завршил во родното место ѝ уште како дете станал овчар, момок и аргат кај поимотните селани за да придонесе за прехрана на неговото сиромашно семејство. За време на окупацијата бил мобилизиран и служел во фашистичката бугарска војска. Во целост ја согледал асимилаторската политика на бугарската окупаторска власт спрема Македонија и македонскиот народ. Во почетокот на август 1944 година, дошол на отсуство и веќе не се вратил во единицата, по што живеел илегално во околината на селото. На 8 септември 1944 година, пристапил во Месната команда во Кратово, а подоцна и во редовите на Седумнаесеттатa македонска ударна бригада. Во составот на бригадата, тој учествувал во многу борби сè до Прешево, низ постојани борби со балистите стигнал до Гнилане, каде бил тешко ранет. Од таму бил пренесен во болницата во Ниш, каде на 30 декември 1944 година, тој подлегнал на раните.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ