Фарел () — град во округот Фризија, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа близу реката Јаде и Јадскиот Залив, околу 15 километри јужно од слободниот град Вилхелмсхафен. Тој претставува најголем град во округот Фризија.

Географија Местоположба

Фарел се наоѓа јужно од Јадскиот Залив на Северното Море. Источно од Фарел тече реката Вапел, која се влива во Јаде.

Соседни општини

Фарел на исток се граничи со општината Јаде во округот Везермарш. На југ се граничи Фарел со општините Раштеде и Вифелштеде во округот Амерланд, а на запад со општината Бокхорн. Фарел се наоѓа на крајниот југоисток од округот Фризија.

Градски единици

Фарел е составен од 21 градска единица, како што се местата: Алтјирден, Боргштеде, Бипел, Дангаст, Дангастермор, Гриненкамп, Хоелухт, Хоенберге, Јерингхафе, Јетхаузен, Лангендам, Морхаузен, Нојдорф, Нојенвеге, Обенстрое, Раленбишен, Розенберг, Зегхорн, Штрек и Винкелсхајде.

Други помали места се Алмзе, Брамлоге, Бруне, Јетхаузермор, Логемор, Плагенкруг, Ралинг, Ротенхан, Шварценберг, Танге, Фарелер Шлојзе и Вилкенхаузен.

Политика Градски совет

мини|300п|десно|Градското собрание

Градскиот совет се состои од 32 избрани членови, иако треба да има 34 члена за градови со број на жители помеѓу 20.001 и 25.000 жители.Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten , abgerufen am 9. Dezember 2011. На заклучок на Градскиот совет овој број е намалена за два члена. Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.

На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:Stadt Varel – Gesamtergebnis Stadtratswahl 2016, abgerufen am 9. November 2016.

ПартијаУдел на гласовиБрој на местаРазлика (гласови)Разлика (места) SPD 27,27 % 9 −2,56 % −1 CDU 19,65 % 6 −2,10 % −1 Иднина Фарел 28,62 % 9 +13,36 % +4 Grüne 9,18 % 3 −1,65 % 0 BBV 4,25 % 1 −1,33 % −1 FDP 4,59 % 1 +1,07 % 0 Die Linke 2,43 % 1 +0,59 % +1 Независен Брајтенфелт 2,03 % 1 +2,03 % +1 Независен Вестерман 1,92 % 1 +1,92 % +1

Градоначалник

На последните избори за градоначалник на 16 јуни 2014 година бил избран Герд-Кристијан Вагнер (SPD).

Список на поранешни градоначалници 1945–1946: Адолф Хајденрајх, SPD 1946–1948: Бернхард Албрехтс, FDP 1948–1949: Адолф Хајденрајх, SPD 1949–1950: Бернхард Албрехтс, FDP 1950–1952: Адолф Хајденрајх, SPD 1952–1961: Карл Нирад, CDU 1961–1976: Вилхелм Каман, SPD 1976–1981: Карлхајнц Бекер, CDU 1981–1996: Карл-Хајнц Функе, SPD 1997–2001: Ханс Фабијан, SPD 2001–2006: Волфганг Буш, SPD од 2006: Герд-Кристијан Вагнер, SPD

Збратимени градови

Фарел е збратимен со следниве градови:

Барт, Германија (од 1990 г.) Џексон, САД

Црквата во Фарел

Црквата на замокот или Шлоскирхе е најстарата градба во Фарел. Првиот дел на црквата се верува дека бил подигнат во 1144 година. Камбанаријата била додадена помеѓу 1200 и 1250 година, првично како две кули, кои биле обновени во денешниот облик во 1651 и потоа во 1737 година. Олтарот е висок скоро 10 метри и е еден од најважните дела на северногерманскиот манизирам.

Пред протестантската реформација, светец на црквата бил Свети Петар. Денес, црквата е лутеранска и нема светец на кој е посветена. Црквата порано била една од градбите на замокот, кој бил срушен во век.

Познати луѓе

Шарлот Софи Бентинк (1715–1800) — грофица на Фарел Јохан Герхард Онкен (1800–1884) — основач на баптистите во Европа Лотар Мајер (1830–1895) — хемичар Оскар Емил Мајер (1834–1909) — физичар Фредерик Лудвиг Хофман (1865–1946) — статистичар Вилхелм Хегелер (1870–1943) — писател Карл Карлс (1880–1958) — шахист Ерих Хекел (1883–1979) — сликар Карл Шмит-Ротлуф (1884–1976) — сликар Фридрих Вегенер (1907–1990) — патолог Хилдегард Беренс (1937–2009) — пејач Инес Фаренкамп (р. 1963) — велосипедист Маркус Ајхлер (р. 1982) — велосипедист

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Фризија (округ)