Каумара — хиндуистичка деноминација која се задржува на божеството на љубовта и војната Кумара, исто така познато како Муруган (во Јужна Индија), Кандан, или Кадамбан, или Картикеја. Повеќето приврзаници на Кумара, исто така, ги почитуваат членовите на неговото семејство: Парвати, Шива и Ганеша. Важните теолошки текстови поврзани со Кумара се дел од канонот Шаива агама. Оваа под-традиција се нашла меѓу Тамилците, Каннада, Веда во Јужна Индија, Шри Ланка, и помеѓу дијаспората Тамилците во светот. Љубовната приказна за Кумара/Муруган и неговата сопруга Вали, девојка од локалното племе, е неизмерно популарна во сојузната држава Тамил Наду, каде Кумара го добил статусот на национален Бог. [note 1]

Тирупугаж е едно од важните тамилски книжевни дела за Каумарам.

Наводи Категорија:Хиндуизам Категорија:Еднобожечки вери Категорија:Правци во хиндуизмот