мини| Симбол на месецот меша. Меша (मेष) ― месец во индискиот сончев календар. Тој одговара на хороскопскиот знак овен и се преклопува со околу втората половина на април и околу првата половина на мај во Грегоријанскиот календар. Општо земено, месецот меша започнува на 13 или 14 април, наречен меша санкранти.
Во ведските текстови, месецот меша е наречен маду, но во овие древни текстови, нема зодијачни поврзувања. Сончевиот месец меша се преклопува со неговиот месечев месец ваисаха, во хиндуските месечево-сончеви календари. На меша претходник му е сончевиот месец мина, а потоа следува сончевиот месец врсаба.
Месецот меша е наречен читирај во тамилскиот календар и е негов прв месец. Санскритските текстови во Индија од античката и средновековната ера се разликуваат во нивните пресметки за времетраењето на меша, исто како и со другите месеци. На пример, делото „Сурја Сиданта“ го пресметува времетраењето на меша да биде 30 дена, 22 часа, 26 минути и 48 секунди. Спротивно на тоа, делото „Арја Сиданта“ го пресметува времетраењето на меша да биде 30 дена 22 часа 12 минути.
Меша е исто така астролошки знак во индиските хороскопски системи, што одговара на овен.
Меша е исто така десеттиот месец во Дарискиот календар за планетата Марс, кога Сонцето го преминува средишниот дел на соѕвездието Овен гледано од Марс.
Наводи
Категорија:Индиска астрологија Категорија:Индиски календари