Локални избори во Град Скопје во 2021 година — избори што се одржале на 17 октомври 2021 година со цел да се изберат советници и градоначалник на Град Скопје. Изборите биле распишани на 6 август 2021 од претседател на Собранието Талат Џафери. Според календарот на ДИК, крајниот рок за поднесување кандидатури за советнички списоци и за градоначалници бил 11 септември 2021 година. Изборната кампања за првиот круг започнала на 27 септември и траела до 15 октомври.

Заднина За учество на локалните избори во Скопје биле поднесени 12 кандидатури за градоначалници на Градот Скопје, 15 советнички листи за советот на Градот Скопје, 49 кандидатури за градоначалници за општините во Градот Скопје и 95 советнички листи за советите на општините во Градот Скопје. Во општините Центар, Карпош, Гази Баба и Градот Скопје свои независни советнички листи поднеле граѓанските иницијативи Шанса за Центар, Независни за Карпош, Зелените од Гази Баба и Зелен хуман град. ЗХГ покрај со своја советничка листа настапиле и со свој кандидат за градоначалник, Ана Петровска.

Кампања Дебати Прв круг Дебати за изборите за градоначалник на Град Скопје, 2021 !!!!!!!!!!!!28 септемвриТВ 24ТВ 24прв делвтор дел8 октомври360 степениАлсатврска9 октомвриСамо вистинаКанал 5прв делвтор дел13 октомвриТоп темаТелмаврскаврска15 октомвриСамо вистинаКанал 5прв делвтор дел15 октомвриМРТМРТ 1врска

Втор круг Дебати и интервјуа за вториот круг од изборите за градоначалник на Град Скопје, 2021 АрсовскаШилегов22 октомвриСамо интервјуКанал 5прв делвтор дел25 октомвриТоп темаТелмаврска26 октомвриврска24 анализаТВ 24врска27 октомвриТема на денотСителврска28 октомвриСамо интервјуКанал 5прв делвтор дел29 октомвриТема на денотСителврскаОбјективМРТ 1врска

Тек на изборите Прв круг Изборниот процес за избор на Градоначалник на Град Скопје, членови на Советот на Град Скопје, градоначалници и членови на советите на општините во Градот Скопје започнал на 17 октомври во 07:00 часот на сите 685 избирачки места. Дел од местата отвориле со задоцнување поради проблеми со апаратите за биометриска идентификација на гласачите. Процесот течел мирно без поголеми проблеми со времени прекини на одредени избирачки места од технички причини. Броењето и евидентирањето на гласовите траело до раните утрински часови на 18 октомври.

Дел од критиките се однесувале на сличните бои на гласачките ливчиња и следствено мешање на кутиите. Апаратите за биометриска идентификација имале проблеми при распознавање на отпечатоците, а на одредени места 30 % до 50 % од гласачите не можеле да бидат иднетификувани на овој метод. Според претседателот на ДИК, причина за овој проблем било добивањето стари и неквалитени отпечатоци од страна на МВР.

По сумирање на резултатите во шест од општините — Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Кисела Вода и Сарај, биле избрани градоначалници во првиот круг. Во останатите четири општини — Карпош, Центар, Чаир и Шуто Оризари, како и во Градот Скопје изборот за градоначалник ќе биде во вториот изборен круг.

Градоначалник

Совет

Резултати во општините на Град Скопје

Аеродром Градоначалник

Совет

Бутел Градоначалник

Совет

Гази Баба Градоначалник

Совет

Ѓорче Петров Градоначалник

Совет

Карпош Градоначалник

Совет

Кисела Вода Градоначалник

Совет

Сарај Градоначалник

Совет

Центар Градоначалник

Совет

Чаир Градоначалник

Совет

Шуто Оризари Градоначалник Совет

Белешки

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

2021 Категорија:Македонија во 2021 година