Грофовија Бентхајм () — округ (Landkreis) во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Административното окружно седиште е во градот Нордхорн. Се граничи (од запад кон исток) со холандските покраини Оверајсел и Дренте, округот Емсланд во Долна Саксонија и окрузите Штајнфурт и Боркен во Северна Рајна-Вестфалија.
Географија
Северозападниот дел на округот се нарекува Долна Грофовија (Niedergrafschaft) и продолжува на холандска територија, и ја граничи на север, запад и југ. Реката Фехте (хол. Фехт) го сече округот во правец југ-север и продолжува во Холандија.
Историја
Округот ја зафаќа приближно истата територија како некогашната Грофовија Бентхајм, држава во Светото Римско Царство распуштена во 1803 година.
Градови и општини
мини|десно|300п|Градови и општини во округот Грофовија Бентхајм.
ГрадовиСлободни општиниОпштински заедници Бад Бентхајм Нордхорн Витмаршен 1. Емлиххајм Емлиххајм1 Лар Ринге Хогштеде 2. Нојенхаус Георгсдорф Еше Лаге Нојенхаус1, 2 Остервалд 3. Шитторф Енгден Замерн Истерберг Квендорф Оне Шитторф1, 2 4. Илзен Вилен Вилзум Геленкамп Гетело Илзен1 Итербек Хале1 седиште на општинската заедница; 2 град
Поврзано Грофовија Бентхајм
Наводи
Надворешни врски
Службен портал Грофовијата Бентхајм низ историјата Управна историја и советите на Грофовијата Бентхајм ГИС-портал на Грофовијата Бентхајм
Категорија:Окрузи во Долна Саксонија