Плитвица ― река во северна Хрватска, десна притока на Драва. Таа е 65 км долга и нејзиниот слив зафаќа површина од 272 км2.

Плитвица се издига во ридските области на Мачеjско Горје, во близина на истоименото село Плитвица Воќанска, во близина на Долна Воќа. Тече југоисточно додека не сврти на исток кај Марушевец, и продолжува низ низината јужно од Вараждин и напоредно со Драва, преку Свети Ѓурѓ (северно од Лудбрег), додека не се спои со Драва северно од Велики Буковец.

Наводи

Категорија:Реки во Хрватска Категорија:Статии со извори на хрватски (hr) Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Притоки на Драва