Дончо Анчев Пановски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис И тој како и постариот негов брат Ѓорги го следела слична судбина. Уште како дете во семејството бил ангажиран да чува стада и да помага на постарите во домашните работи. Бил природно интелигентен, надарен ѝ како самоук научил да чита и да пишува. За време на окупацијата бил мобилизиран и служел во бугарската окупаторска војска. По капитулацијата на Бугарија на 9 септември 1944 година, стапил во редовите на НОВ, најпрво во Месната Команда во Кратово, а подоцна во составот на Седумнаесеттатa македонска бригада. По конечното ослободување на Македонија преминал во состав на Треттатa македонска ударна бригада, со која заминал на Сремскиот фронт. Во тешките и крвави борби кај Врпоље, загинал на 16 април 1945 година, односно истиот ден кога загинал и неговиот брат Ѓорѓи.

Поврзано

Ѓорѓи Пановски

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ