Ратко Тренчев Славковски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОБ.

Животопис Израснал во сиромашно земјоделско семејство и се занимавал со земјоделство, а повремено како аргат работел на туѓи имоти. За време на окупацијата, тој станал симпатизер на НОВ, вршел агитација и активно го помагал движењето. Земал учество при палењето на општината и архивата во селото Шопско Рударе од страна на единиците на НОВ. На 9 септември 1944 година со група младинци од селото, тој пристапил во народноослободителната војска во состав на Треттата македонска ударна бригада. Бил учесник во повеќе борби за ослободување на Македонија. Една од најтешките борби му била кај реката Треска. Земал учество во борбите на Сремскиот фронт. Крај Врпоље извршувајќи воена задача, на 21 април 1945 година, бил смртно погоден од топовска граната.

Поврзано

Јордан Славковски

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ