Каракалпакстан (Каракалпачки: Qaraqalpaqstan / Қарақалпақстан; Узбечки: Qoraqalpogʻiston), официјално Република Каракалпакстан (Каракалпачки: Qaraqalpaqstan Respublikası / Қарақалпақстан Республикасы; Узбечки: Qoraqalpousʻ) — автономна република во рамките на Узбекистан. Го зазема целиот северозападен крај на Узбекистан. Главен град е Нукус (Noʻkis / Нөкис). Република Каракалпакстан има површина од 160.000 квадратни километри (62.000 квадратни милји). Нејзината територија ја опфаќа оазата Хорезм, која во класичната персиска литература е позната како Кат (کات).
Знаме
Опис Државното знаме на Република Каракалпакстан е тробојка составена од три хоризонтални ленти во сина, златна (или жолта) и зелена боја. Златната лента е одделена со бели и црвени рабови. Должината на знамето е 250 см, а ширината е 125 см. Ширината на сините и зелените ленти е еднаква и е 42 см. Ширината на златната лента сместена во средината на знамето е 34 см. Ширината на белите граници е 1 см, а на црвените 2,5 см.
На горниот десен раб на сината лента е прикажана бела полумесечина (конвексна страна до столбот на знамето), а десно од неа пет бели sвезди со пет краци. Полумесечината е формирана со пресек на два круга, чии пречници се 22 и 19 см. Центрите на овие кругови лежат на права линија што ја дели сината лента на два еднакви делови. Растојанието помеѓу центарот на помалиот и поголемиот круг е 4 см. Растојанието од работ на знамето до полумесечината е 20 см. Ѕвездите се вклопуваат во правоаголник со димензии 30 см на 15 см. Растојанието од работ на знамето до правоаголникот е 42 см . Ѕвездите се распоредени во два реда на следниов начин: горниот ред се состои од две, долниот - од три sвезди; секоја sвезди е впишана во круг со пречник од 10 см.
Симболизам Сината боја на знамето е симбол на водата и пролетта. Жолтата боја покажува дека поголемиот дел од Каракалпакстан се наоѓа во пустински предел. Зелената боја е знак за обновување на природата, духовноста и сонцето. Полумесечината е свето олицетворение на муслиманите, а петте sвезди се симбол на животот во петте најстари градови на Каракалпакстан. Државното знаме на Република Каракалпакстан ја претставува Република Каракалпакстан на меѓународна сцена: за време на посетите на официјални делегации на Република Каракалпакстан на странски земји, во меѓународни организации, на конференции, светски изложби, на спортски натпревари.
Граѓаните на Република Каракалпакстан, како и другите жители што живеат тука, мора да го почитуваат државното знаме на Република Каракалпакстан.
Историја
Рана историја Според историските извори, луѓето на територијата на Каракалпакија живееле уште од неолитската ера. Територијата на модерната Република Каракалпакстан е еден вид „археолошки резерват“, кој има над 300 археолошки наоѓалишта. лево|мини|Хорезмски војник во служба на Ахеменидите 470 п.н.е На територијата на Автономната Советска Социјалистичка Република Каракалпак, во областа на стариот канал на Акчадарија, во 1954 година, експедиција на Советски археолози, на чело со М. А. Итина и С. П. Толстов, пронаоѓаат голема античка гробница, за која се претпоставува дека датира од 13-11 век п.н.е. Откриени се над 100 гробници во коритото на реката Акшадарија, од кои, откопани се 74 гробници, каде се откриени 76 керамички бокали украсени со геометриски облици, како и голем број на бронзени нараквици и накит. Утврдено е дека нема камени огради карактеристични за бронзеното време, телата биле закопани во правоаголни јами. Во близина на гробиштата, пронајдени се и древни населби.
На територијата на модерен Каракалпакстан од античката ера (VI век п.н.е.) до 1924 година постоел античкиот регион и држава - Хорезм, позната како Кат.
Херодот за Хорезм известува дека бил 16-тата сатрапија на Персиската Империја, како и дека Хорезмијците учествувале во кампањата на Ксеркс во 480 година п.н.е. кон Грција. Хорезмијците учествувале во изградбата на главниот град на Ахеменидското Царство - Персеполис. Воините од Хорезм служеле во армијата на Ахеменид во различни делови на империјата. Еден од нив, по име Даргоман, се споменува во Горен Египет. Сликите на древните Хорезмијци се зачувани на карпата Бехистун. Уште пред кампањите на Александар Велики во Средна Азија, Хорезм на крајот на 5 век. п.н.е се стекнува со независност од Ахеменидите.
Во 5 век п.н.е. врз основа на арамејското писмо, е развиено писмото Хорезм. На местото на античката населба Топрак-кала, археолозите откриле остатоци од архива на документи на јазикот Хорезм. Писмото Хорезм се користело до 8 век. Главна религија на античките Хорезмијци бил зороастризмот.
Се верува дека од средината на 1 век од нашата ера до крајот на 2 век, Хорезм бил под влијание на Кушанската Империја. Овој период се одликува со подигање на огромен број тврдини од страна на централната власт кои биле постојано окупирани со војска. На почетокот на IV век, градот Кјат станува главен град на Хорезм. Во следната ера, помеѓу IV и VIII век, градовите на Хорезм се опустошиле. Хорезм станува земја со бројни замоци на аристократијата и илјадници селски имоти. Од 305 до 995 година, со Хорезм владее династијата Афригиди, чии претставници ја носат титулата Хорезмшах, односно шах на Хорезм. Помеѓу 567-658 година, Хорезм бил во одредена зависност од Првиот Турски Ханат. Во кинески извори, се споменува под името Хусими (呼 似 密).
Среден век лево|мини|290x290пкс|Антички комплекс Миздакан во Каракалпакстан Во X век, започнува нов процут на градскиот живот во Хорезм. Арапски извори од 10 век даваат слика за исклучителна економска активност на Хорезм, со околните степи на Туркменистан, западен Казахстан, како и регионот Волга - Хазарија и Бугарија, и огромниот словенски свет на Источна Европа да станат место за натпревар на трговците од Хорезм.
Во 1218 година, Џингис Хан испраќа дипломати во Хорезм со предлог за иден сојуз. Шахот на Хорезм Ала ад-Дин Мухамед II одбива да склучи договор со „неверниците“ и, по предлог на владетелот на Отрар, Каир Кан, ги погубува амбасадорите. Џингис Хан бара екстрадиција на Каир Кан, но Мухамед одбива да го испорача братучедот на неговата мајка и повторно погубува еден од дипломатите на монголија. Во пролетта 1219 година, уште пред да го заврши походот во Кина, Џингис Хан праќа војска од 200.000 луѓе во Хорезм. Шахот Мухамед не се осмелува да излезе на општа битка, оставајќи ја својата војска расфрлана во градовите и тврдините на целата држава. Еден по друг, сите големи градови на Хорезм паднаа под Монголска окупација. Сите беа уништени, а многу Хорезмијци беа поробени или погубени.
Историјата на Каракалпаците започнува со Ногајскиот Ханат, формиран на крајот на 14 век под водство на Едигу (Едигеј), водачот на Ногаите. По смртта на Едигу во 1419 година, настанува борба за неговиот престол, а ханатот започнува да ја губи својата моќ. Во втората половина на 16 век, Ногајскиот Ханат е поделен на три дела.
Нов век мини|Хан од Хиванскиот Ханат Мухамед Рахим Хан II На почетокот на 17 век, Ногајскиот Ханат е поразени од Калмиците, кои ги зазеле регионите на Волга и Урал. Ногајците беа принудени да се преселат на Крим, а Каракалпаците, кои биле дел од ордата, се населиле во регионот на Аралското Езеро на бреговите на Аму Дарја. лево|мини|300x300пкс|Каракалпакстан Кизил Кала (Црвена тврдина) Укрепена резиденција 1 - 2 век н.е. - 4 век н.е. и обновена 12 век н.е. Во 16 век, е создадено Хиванскиот Ханат, кој, заедно со Бухарскиот Ханат и Кокандскиот Ханат, беше еден од трите узбечки ханати во Средна Азија. Во 16-17 век, Каракалпаците биле подредени или на Бухарскиот Ханат или на Хиванскиот Ханат. Владеењето на познатиот хан Абулгази (1643-1663) и неговиот син и наследник Ануш-хан беа периоди на релативна политичка стабилност и економски напредок. Беа изградени големи системи за наводнување, а новото плодно земјиште беше поделено помеѓу узбечките племиња. Хорезм, поради недостатокот на сопствените економски ресурси, беше принуден да води војни со Бухарскиот Ханат и Сафавидите. Последниот претставник на династијата Шибанид-Арабшахид кој владеел со Хорезм бил Илбарс Хан II, кој бил убиен од Надир Шах во 1740 година.
До почетокот на 18 век, Каракалпаците што живееја на брегот на Аму Дарја почнуваат да се стремат кон обединување. Како резултат на тоа, Каракалпаците предводена од Ешмухамад (Ечкимхан) се обединуваат во Каракалпакскиот Ханат. Границите на оваа држава минуваа по горниот тек на Аму Дарја. Во 1723 година, кога Калмиците го зазеле средниот дел на Аму Дарја, Каракалпаците повторно биле принудени да побегнат и се поделиле во две групи.
Првата група се населила кон горниот тек на Сир Дарја, кон Ташкент, а втората група се населила по долниот тек на Сир Дарја. Така, Каракалпаците беа поделени на „горни“ и „долни“. Долните Каракалпаци се населиле на слободните земјишта помеѓу Сир Дарја и Аму Дарја и тука се занимавале со земјоделство.
Во 17-18 век, главната политичка сила во Хиванскиот Ханат била составена од узбечки племиња: Кунгарти (Узбеци), Наимани, Кијати, Мангити, Нохос, Кангли и Кумани. Во борбата за моќ во втората половина на 18 век, победи узбечкото племе Кунгарти. Во 1763 година, претставник на узбечкото племе Кунгарти Мухамед Амин, кој ја имаше титулата Инак, дојде на власт во Хорезм.
Мухамед Амин водеше политика на економско зајакнување на земјата по тешката криза во средината на 18 век. За време на неговото владеење, беа изградени големи системи за наводнување и успеа да воспостави релативен мир и политичка стабилност во државата. Според историчарот Агахи, Мухамед Амин дозволил голема група Каракалпаците да се населат во рамките на државата. Тој успеа да се одбрани од две инвазии: првата од Бухарскиот Ханат во 1782 година, а вториот од номадските племиња Туркмени во 1770 година. Во 1790 година, Аваз, претставник на узбечкиот клан Кунгарти и син на Мухамед Амин, го наследи својот татко на престолот во Хорезм. Аваз беше приморан постојано да брани од нападите на Аралските племиња кои се бунтуваа на неговото владеење. Во 1793 година, избувнало востание предводено од браќата Хоја Мурад Суфи и Тиура Мурад Суфи (имигранти од узбечкиот клан Кунгарти, на кој припаѓаа и владетелите на Хиванскиот Ханат). Востанието беше задушено, но Аралските племиња беа покорени дури за време на владеењето на Мухамед Рахим Хан I (1806-1825). мини|330x330пкс|Кампања на Хива во 1873 година Мухамед Рахим Хан I спроведе голем број важни реформи во земјата. За да се подобри управувањето со земјата, формиран е врховен совет, кој управувал со ханот. Спроведена е нова даночна реформа, а Мухамед Рахим Хан I бил првиот од Кунгратските владетели кој издал сребрени и златни монети. Тој успеал да ја централизира државата и ја утврдил својата територија околу Хива. Во 1808-1809 година, спроведена е кампања против Чодудурите. Во 1811 година, Аралските племиња конечно биле освоени, а во 1812-1813 година бил освоен долниот тек на Сир Дарја, каде живееле голем број на казаци.
За време на владеењето на Алакули Хан, продолжила политиката на централизација на државата. Во 1828 година, востанието на племињата Сарик било задушено. Во 1830-1831 година за време на владеењето на Алакули Хан бил изграден каналот Куња-Ургенч. Алакули Хан бил многу заинтересиран за настаните во светот и студирал странски јазици. За разлика од сите современи владетели на Средна Азија, тој читал и пишувал на руски јазик. Алакули Кан, во сојуз со Кокандскиот Ханат, учествувал во пет кампањи против Бухарскиот Ханат. Во 1845 година, по смртта на Алакули Хан (1842-1845), неговиот брат Мухамед Амин Хан доаѓа на власт во Хиванскиот Ханат.
За време на владеењето на Мухамед Амин Хан (1845-1855), напорите на централната власт да ги смири номадските племиња наидоа на одреден успех. Мухамед Амин Хан презеде повеќе од 10 кампањи кон Мари и Хорасан. За време на неговото владеење, се одржуваа дипломатски односи со Русија, Отоманската Империја, Иран и Авганистан.