__NOTOC__ Мишлибушки Округ () — округ во Западнопоморското Војводство, северозападна Полска, крај полско-германската граница. Созаден е на 1 јануари 1999 г. со управната реформа од претходната година. Најголем град и седиште на округот е Мишлибуж, сместен на 57 км од војводското седиште Шчеќин. Други градови во округот се Барлинек на 24 км источно и Дембно на 25 км југозападно од Мишлибуж.
Округот зафаќа површина од и во 2019 г. имал 65.638[ жители. Уделот на градско население изнесува 59,1 %.
Соседни места Мишлибушкиот Округ се граничи со Грифинскиот Округ на северозапад, Пижичкиот и Старгарскиот на север, Хошченскиот на североисток, Стшелечко-дрезденечкиот на исток и Гожувскиот на југоисток. На крајниот југозапад се граничи со Германија (округот Меркиш-Одерланд).
Административна поделба Округот се дели на пет општини од кои две се селски, а три градско-селски. Тука се наведени надолно по бројот на жители во 2016 г.
ОпштинаВидПовршина(км2)Население(2016)СедиштеДембноградско-селска318,7820.879ДембноМишлибужградско-селска328,3320.251МишлибужБарлинекградско-селска258,77 19.449БарлинекНовогрудек Поморскиселска146,153.382Новогрудек ПоморскиБолешковицеселска129,922.902Болешковице
Наводи
Надворешни врски
Портал на Мишлибушкиот Округ
Категорија:Окрузи во Западнопоморското Војводство Категорија:Држави и територии настанати во 1999 година