__NOTOC__ Слубички Округ () — округ во Лубушкото Војводство, западна Полска. Созаден е на 1 јануари 1999 г. со управната реформа од претходната година. Најголем град и седиште е Слубице, сместен на 63 км југозападно од Гожув Вјелкополски и 79 км северозападно од Желона Гура. Покрај седиштето, во округот има уште три града: Жепин на 19 км источно, Ошно Лубуске на 25 км североисточно и Цибинка на 24 км југоисточно од Слубице.

Округот зафаќа површина од и во 2019 г. броел 47.018 жители. Најнаселено место е Слубице со 16.705 жители, а потоа Жепин со 6.529.

Соседни места Слубичкиот Округ се граничи со Гожувскиот на север, Суленќинскиот на исток и Кросненскиот на југ. На запад се граничи со Германија (градот Франкфурт на Одра и окрузите Меркиш-Одерланд и Одра-Шпре).

Административна поделба Округот се дели на пет општини од кои четири се градско-селски и една е селска. Тука се наведени надолно по бројот на жители во 2019 г.

ОпштинаВидПовршина(км2)Население(2019)СедиштеСлубицеградско-селска185,420.061СлубицеЖепинградско-селска191,19.745ЖепинЦибинкаградско-селска279,76.492ЦибинкаОшно Лубускеградско-селска198,06.426Ошно ЛубускеГужицаселска145,64.294Гужица

Наводи

Надворешни врски

Портал на Слубичкиот Округ

Категорија:Окрузи во Лубушкото Војводство Категорија:Држави и територии настанати во 1999 година