Општина Изола (, ) — општина во областа Приморска, југозападна Словенија. Седиште е крајбрежниот град Изола.

Општината е двојазична, во која словенечкиот и италијанскиот се службени, иако словенечкиот во практика преовладува во сите сфери од живеењето, вклучувајќи ги управата и деловното работење.Decree on the implementation of bilingualism in the nationally mixed territory of the Municipality of Isola - from page 9

Населени места Покрај општинското седиште Изола, општината ги опфаќа и следните населени места (наведени се и италијанските имиња, онаму кајшто се разликуваат:):

Бареди (Баре) Добрава Јагодје (Валеџа) Корте Малија (Малио) Ножед (Нозедо) Цеторе (Сеторе) Шаред (Саредо)

Население Населението на општината брои 16.486 жители (2020). Во јазичен поглед, мајчин јазик на огромен дел од населението е словенечкиот, потоа доаѓа хрватскиот, па италијанскиот. Во општината живеат и Македонци.

Население според мајчин јазик на пописот од 2002 г. словенечки: 10.059 (69,14 %) хрватски: 1.199 (8,24 %) италијански: 620 (4,26 %) српскохрватски: 562 (3,86 %) босански: 537 (3,69 %) српски: 385 (2,65 %) македонски: 124 (0,85 %) албански: 93 (0,64 %) унгарски: 19 (0,13 %) германски: 10 (0,07 %) останати или непознато: 941 (6,47 %) Вкупно: 14.549 (100 %)

Наводи

Надворешни врски

Портал на Општина Изола Општина Изола на Геопедија

Изола Изола Категорија:Држави и територии настанати во 1994 година