Мемерт () — мал источнофризиски остров и слободна област во округот Аурих, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Островот се наоѓа во близина на северниот брег на Германија, со површина од 5,17 км2. Мемерт се наоѓа југозападно од Јист и источно од Боркум во Источна Фризија.

Островот е ненаселен и на него се наоѓа само една куќа за поддршка на дивиот свет. Понекогаш, некои гости од соседните острови го посетуваат Мемерт. Службено, островот е прогласен за заштитено подрачје.

Име

Значењето на името не е сигурно. На старите карти, островот е означен како „де Мем“ (de Meem). Можно е Мемерт да доаѓа од светецот Мамерт, по кој бил именуван еден брод, кој се насукал на островот.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Аурих (округ) Категорија:Нездружени подрачја во Долна Саксонија Категорија:Острови во Долна Саксонија Категорија:Источнофризиски Острови Категорија:Ненаселени острови