Општина Апаче () — општина во областа Долна Штаерска, североисточна Словенија. Седиште на општината е селото Апаче. Се граничи со општините Шентиљ, Света Ана и Горња Радгона. Реката Мура тече по работ на оваа општина, и по неа поминува словенечко-австриската граница. Во 2020 г. населението броело 3.533 жители.

Општината е основана со одлука во 2006 г. според која подрачјето околу Апаче е одвоено од Општина Горња Радгона на 1 јануари 2007 г. Денес е дел од Помурскиот статистички регион.

Населени места Покрај општинското седиште Апаче, општината ги опфаќа и следните населени места:

Вратја Вас Вратји Врх Грабе Дробтинци Жеповци Жиберци Згорње Коњишче Јанхова Лешане Лутверци Маховци Насова Нови Врх Плитвица Поглед Подгорје Сеговци Сподње Коњишче Стоговци Чрнци

Наводи

Надворешни врски

Официјално мрежно место Апаче на Geopedia

Апаче Апаче Категорија:Држави и територии настанати во 2006 година