Борис Јорданов Бошкоски ( во — во ) — македонски партизан, учесник во НОВЈ.
Животопис По завршувањето на основното училиште завршил два класа гимназија, но поради тешките услови за живеење бил принуден да оди на печалба во Белград каде работел како чевлар. Како напреден младинец, се определил за борба против окупаторот, а во 1943 година се приклучил во партизанските единици во Србија. Учествувал во повеќе борби меѓу кои и во пробојот на Сремскиот фронт. Загинал на 8 мај 1945 година во борбите за ослободувањето на Загреб.
Поврзано
Кичево и Кичевско во НОВ
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ