Единствен државен регистар на претпријатијата и организациите на Украина (, ЄДРПОУ) — статистички регистар на претпријатијата во Украина, автоматизиран систем за собирање, складирање и обработување на податоци за претпријатијата и организациите на сите форми на сопственост, како и нивните одделени поделби — филијали, одделенија, претставништва, итн.
Историја На 14 јули 1993 година со Одлуката на Кабинетот на министрите е воспоставен Државниот регистар на извештајните (статистичките) единици на Украина (, ДРЗОУ)Про Державний реєстр звітних (статистичних) одиниць України; Кабінет Міністрів України; Постанова від 14.07.1993 № 538. На 22 јануари 1996 со Одлуката на Кабинетот на министрите е воспоставен Единствениот државен регистар на претпријатијата и организациите на УкраинаПро створення Єдиного державного реєстру підприємств та організацій України; Кабінет Міністрів України; Постанова, Положення від 22.01.1996 № 118.
Назнака
Во случај на ставање на еден субјект на стопанската дејност во ЕДРПОУ, му се дава назнака и кодови на класификационите ознаки. Назнаката е единствена за сиот информациски простор на Украина и се чува за субјектот на стопанската дејност во целиот период на неговото постоење.
ОКПО () во Украина бил активен до 1994 година, след тоа ЗКПО.
ЗКПО () (10/12 бројки) бил во употреба до 1998 година.
Од 1998 година овој класификатор е наречен ЕДРПОУ (8/10 бројки).
Поврзано Трговски регистар
Наводи
Категорија:Украинско право