Петре Богојев Војнески ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Потекнувал од селско семејство кое се занимавало со земјоделие. Во текот на 1942 година, тој им бил преведувач на Италијаните и имал можност да го запознае окупаторот и неговите намери. Во есента 1943 година, тој се приклучил како партизан во Групата баталјони, а потоа во Првата македонско-косовска бригада. Со Бригадата, тој учествувал во Февруарскиот поход, а по борбите кај Богомила во февруари 1944 година, со групата на Тихомир Шарески, тргнал назад, но загинал кај селото Дебреште, Прилепско во февруари 1944 година во борба против бугарските фашисти.

Поврзано

Кичево и Кичевско во НОВ

Наводи

Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна Категорија:Учесници во НОБ