Хаге (; ) — општина во округот Аурих, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Хаге се наоѓа во близина на Северното Море, околу 5 километри источно од градот Норден.
Општината поседува пазарно право и со тоа има некои одлики на град, но официјално не ги добила градските права. Сепак, означена е како „флекен“ (Flecken), мала населба со локално значење.
Општината претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.
Географија Местоположба
Хаге се наоѓа како населба покрај патот на поранешен насип, на северниот раб од источнофризискиот гест помеѓу Норден и Арле.
Општински единици
Кон општината во 1972 година биле приклучени и поранешните самостојни општини Берум и Бландорф-Вихте.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Аурих (округ) Категорија:Населени места во Источна Фризија