Општина Брда (, ) — општина во Горичкиот статистички регион, во историската областа Приморска, западна Словенија. Се протега од границата со италија до реката Соча. На исток е ридот Саботин (609 м), а на север е возвишението Корада (812 м).Brda municipal site Во 2020 г. населението броело 5.619 жители. Седиште е селото Доброво.

Населението говори посебен дијалект од приморското наречје.

Географија Општината го опфаќа словенечкиот дел на Горичките Ридови кои претставуваат еден од најважните вински микрирегиони во Словенија. Се одликува со блага средоземна клима, заштитена од силниот ветар бура кој често вее по другите делови на Приморјето.

Населени места Покрај општинското седиште Доброво, општината ги опфаќа и следниве населени места:

Барбана Бело Биљана Брдице кај Кожбана Брдице кај Небло Брег кај Голо Брдо Брезовк Брестје Ведријан Виполже Вишњевик Врховље кај Кожбана Врховље кај Којско Голо Брдо Гоњаче Горње Церово Градно Долње Церово Дрновк Зали Брег Имење Кожбана Козана Козарно Којско Красно Медана Небло Нозно Плешиво Подсаботин Приставо Сеник Славче Слапник Снежатно Снежече Фојана Хлевник Хрушевље Хум Цегло Шловренц Шмартно

Стопанство Најважна стопанска гранка е земјоделството: покрај грозјето, најзначаен производ се црешите, а по нив следат кајсиите, крушите, смоквите и сливите. Заедно со Випавската Долина, Брда одгледува најголемо количество на рајски јаболка во земјата. Се произведуваат и помали количества маслиново масло.

Во лозарството застапени се сортите мерло, каберне совињон, пино ноар, пино гри и совињон вер.

Познати личности Алојз Градник (1882 - 1967) — поет и преведувач (роден во Медана)

Поврзано Словенечко Вино Горички Ридови

Наводи

Надворешни врски

Портал на Општина Брда Брда на Геопедија За Брда

Брда Брда Категорија:Држави и територии настанати во 1994 година