Општина Шемпетер-Вртојба (; ) — општина во западна Словенија, сместена крај границата со Италија. Седиште на општината е населбата Шемпетер кај Горица. Областа е дел од историскиот регион Приморска. Денес е дел од Горичкиот статистички регион. Во 2020 г. населението броело 6.292 жители.
Населени места Покрај општинското седиште Шемпетер кај Горица, општината ги опфаќа и следните населени места: Вртојба
Историја Порано обете населени места биле предградија на градот Горица. Во 1947 г. влегле во состав на Југославија, а Горица останала во Италија. Оттогаш местата одделно се развиваат. Денес општината образува една непрекината урбана целина со соседните градови Нова Горица (во Словенија) и Горица (во Италија).Šempeter-Vrtojba municipal site Од мај 2011 г. овие три општини се здружени во прекугранична метрополитенска област, управувана од заеднички орган.
Наводи
Надворешни врски
Официјално мрежно место Шемпетер-Вртојба на Geopedia
Шемпетер-Вртојба Шемпетер-Вртојба Категорија:Држави и територии настанати во 1998 година