Трајан Јовев Дејаноски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Потекнувал од селско сиромашно семејство. Поради тешкиот живот бил принуден да замине на печалба во Белград каде бил пекарски работник. Во Белград, тој членувал во УРС-овите синдикати и учествувал во познатите Мартовски демонстрации во 1941 година. По окупацијата, тој се вратил во своето село каде почнал активно да работи за народно-ослободителното движење. Во 1942 година учествувал во штрајкот на патарските работници во село Извор, а од летото 1943 година, тој бил партизан во редовите на Кичевско-мавровскиот партизански одред. Со Одредот учествувал во повеќе дејствија, а во септември 1943 година бил на Буковиќ со познатата чета на комесарот Мирко Милески да ја брани слободната територија каде загинал заедно со другите борци од четата во борба со Германците и балистите на 1 октомври 1943 година.
Поврзано
Кичево и Кичевско во НОВ Мирко Милески Спиро Стојанов Ѓорески Мишко Дејанов Горески (Ѓорески) Ставре Дејаноски Ѓорески Ева Дејаноска-Вељанова
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ